Има 70 години, а изгледа како да има 40: „Жената која не старее“ зборува како го открила еликсирот на младоста (видео) - Македонија Денес

Има 70 години, а изгледа како да има 40: „Жената која не старее“ зборува како го открила еликсирот на младоста (видео)

Опомена!!!

Анете Ларкинс од Флорида ја викаат “ageless woman” или жената која не старее! Имено, Анете има дури 70 години, но без било какво претерување изгледа подобро од двојно помлади жени! Здравјето и е совршено и се чувствува како да има 30 години. Зборува како го открила еликсирот на младоста.

Нејзината мајка и баба починала на млади години поради рак на дојка. Историја на заболување од дијабетес во семејството е подолга, но таа е со совршено здравје.

Не пие ниту аспирин, односно – никакви лекови. Има одлична, вита става, а лице и кожа на двојно помлада жена.  Маж на нејзини години изгледа како да и е дедо. Има два сина кои имаат околу 50 години и кои изгледаат како да и се постари пријатели.

Само таа во семејството се храни на ваков начин – затоа што другите не сакаат.

жената

Како е тоа возможно?

Ларкинс тоа едноставно го објаснува – нејзиното животно мото е поговорката на Хипократ:„Нека храната биде твојот лек, а лекот нека биде твојата храна“.

Оваа жена станува во 5 часот наутро, работи во градина, сама ја шие облеката и изработува голем број предмети кои се користат во домот, а како што вели преполна е со енергија.

Овошје, зеленчук, сокови, семиња, ореви, лековити билки…Анете Ларкинс сама одгледува се ова, околу куќата и во куќата. Собира дождовница и прави, како што вели „тони и тони“ сокови од се што одгледува.

Пченична трева е нејзиниот специјалитет, а сок од истата кој сама го прави редовно го пие.

Анете била долгогодишна вегетаријанка која станала веганка и смета дека тајната на нејзината младост е сировата веганска храна односно литри здрави цедени сокови кои сама ги подготвува и ги пие секојдневно во големи количини.

Анете напишала и своја книга со совети и објавила ДВД.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »