Игра посветена на творецот на модерното време: Никола Тесла во борба против нацистите(видео) - Македонија Денес

Игра посветена на творецот на модерното време: Никола Тесла во борба против нацистите(видео)

Опомена!!!
Творците на играта ве повикуваат да бидете Никола Тесла, човекот  кој го изумил модерното време. Ќе ја дознаете, како што велат, „вистината за неговиот живот и смртта“.

Eon Break, насловот на независното развојно студио Glad Rock, се финансира преку Kickstarter сајтот. Ова е игра во која Никола Тесла, најголемиот научник на сите времиња и главниот лик во играта, патва низ времето и се бори против Нацистите и печурките.

Дејствието на играта се случува во алтернативната 1943 година, по смртта на Тесла, но студиото не откри повеќе детали. Eon Break содржи голем број непријатели, кои се никатни и по механика и по изгледот. Дизјанерите сакале изгледот на играта што подобро да се вклопи во раскажувањето на приказната.

 Никола Тесла

-Објектите и непријателите ви даваат навестување за претходните случувања и дизајнот на локацијата ги надополнува дупките во заплетот, така што не морате да ја гледате приказната,, можете да ја живеете“, кажале од студиото.

Kickstarter кампањата почнала на 9 јуни и ќе трае до 13 јули. Проектот ќе биде финансиран само доколку се соберат потребните 50000 долари Во моментот на пишувањето, играта ја поддржале 79 финансиери со вкупно инксирани 5800 долари.

Доколку сте фан на Никола Тесла во бизарно опкружување и уште побизарна тематика и вложите 10 долари ја добивате комплетната игра, а колку е поголемо вложувањето, поголем е и бројот на погодности кои ги добивате. Доколку сакате повеќе детали или евентуално да го поддржите овој проект, кликнете на Kickstarter страната.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »