Игор Ангеловски- Тоа што сум најмладиот тренер во Македонија ме мотивира да влезам во тактичко надмудрување со далеку поискусните колеги! - Македонија Денес

Игор Ангеловски- Тоа што сум најмладиот тренер во Македонија ме мотивира да влезам во тактичко надмудрување со далеку поискусните колеги!

Опомена!!!

Игор Ангеловски е најмладиот селектор кој ја преводел македонската фудбалска репрезентација, а засега тоа му оди одлично. Успешно ја спои младоста и искуството, а тоа вроди со плод на последните два натпревари од квалификациите за СП 2018. Победата над Израел и ремито со Албанија и донесоа скок на репрезентацијата на Македонија на 103 место на ранг листата, а доколку продолжи со ова темпо, не очекува убава фудбалска иднина.

За Македонија денес, Игор Ангеловски открива чија поддршка му е најважна, каква е иднината на македонскиот фубал, кои се најдобри фудбалски клубови според него, како го поминува слободното време и сл.

Опомена!!!

МД: Какво е вашето видување за моменталната состојба во македонската фудбалска репрезентација? Што е добро во националниот тим, а што треба да се смени?

ИА: Во моментов во репрезентацијата на Македонија владее одлична атмосфера и задоволство е да се работи со овие фудбалери.

МД: Во октомври ве очекуваат многу важни натпревари со Италија и Линхенштајн. Кои се вашите очекувања, има ли Македонија шанси некогаш да ги помине квалификациите и за првпат да го видиме македонскиот фудбалски национален тим на Европско или пак на Светското првенство?

ИА: Тоа се многу важни натпревари во кои ќе се обидеме да забележиме што е можно подобри резултати но и да воиграме тим кој во следните квалификации би не довел во ситуација да се бориме и за пласман на Светско или Европско првенство.

МД: Младите играчи до 21 година покажаа одлична игра на Европското првенство оваа година, дел од нив се дел и од македонската сениорска репрезентација. Кои млади играчи според вас имаат најголем потенцијал да ги наследат Горан Пандев и Дарко Панчев?

ИА: Младите со своите игри и однос во целост го заслужија повикот во А нациналниот тим и јас сум среќен што Македонија има такви млади фудбалери, без разлика сто сме можеби најмладата репрезентација во Европа, јас не стравувам и имам потполна доверба во нив и заедно со поискусните, а предводени од нашиот најдобар фудбалер на сите времиња Горан Пандев, може да се надеваме на многу поуспешни резултати во иднина.

МД: Колку поддршката од трибините, а и воопшто од македонските навивачи ( на пример на социјалните мрежи кои во последните години се доста важни во секој поглед), е важна за успехот и добрата игра на А селекцијата? Влијаат ли негативните коментари врз вас и играчите?

ИА: Поддршката од навивачите е најбитна и за нас многу значи, мене посебно ме радува што на натпреварите со Италија, Израел и Шпанија на домашен терен публиката не испрати со аплауз и покрај поразите на тие натпревари што значи дека се задоволни од она што го виделе на терен, негативни коментари секогаш имало и ќе има, но многу е важно и од кого доаѓаат дали се тоа луѓе кои се стручни и од професијата или некои што не знаат што со себе па седат на социјалните мрежи и одбираат денес кого ќе го навредуваат,  а и поголем дел од нив скриени и под лажни профили.

МД: Вие спаѓате во групата на најмлади тренери. Уште во 2013 година бевте тренер на клубот Работнички, на само 37 години и во сезоната 2013/2014 освоивте двојна круна со тимот. Колкав предизвик беше да покажете дека возраста не е пресудна за тренерското и селекторското место, туку искуството, стратегиите и постојаното надградување?

ИД: Да вашиот податок е точен и јас сум најмладиот тренер во Македонија што на таа возраст во дебитантската сезона како тренер а во конкуренција со гигантите Вардар и Шкендија со ФК Работнички освоив Двојна Круна, Куп и Првенство и сега на позицијата селектор исто така заедно со Андриј Шевченко од Украина сме најмладите селектори во Европа, родени сме 1976, но тоа воопшто не ми пречи напротив само ме мотивира да влезам во тактичко надмудрување со далеку поискусните колеги .

МД: Од кои првенства во Европа сте најмногу воодушевени? Имате ли омилени клубови, тренери, играчи кои се ваша инспирација?

ИА: Шпанија и Англија, од тимовите тука секако се Реал, Барселона, Манчестер, Челзи и останатите. Инаку, не сум некој страствен навивач за одреден клуб, можеби имам само најмногу симпатии кон Манчестер Јунајтед, од тренерите тука секако би ги споменал Мурињо, Зидан, Конте, Симеоне итн.

МД: Како би изгледал идеалниот македонски или пак светски состав според вашиот избор на играчи?

ИА: Малку е тешко да се одговори на ова прашање бидејки поминале многу генерации на македонски и светски фудбалери и навистина е наблагодарно да се издвојат .

МД: Каков е Игор во слободното време, надвор од терените? Што е она што ве исполнува и релаксира?

ИА: Секој слободен момент го користам да бидам со семејството, а верувајте дека ги има доста малку зошто мојата професија има доста патувања и отсуства од дома и затоа се трудам секое слободно време да го поминам со мојата сопруга Тања и трите ангелчиња Лука, Луна и Леа.

Ексклузивно со Звонко Шундовски, за Македонија Денес, од Тел Авив, Израел: “Македонија може и Македонија знае. Македонија е мојата татковина, тука ја црпам енергијата која ме влечи понатаму”

Опомена!!!

Поврзани вести

Опомена!!!
Translate »