ICE Festival 2017:Мастер шефот Ралф Б. Менегини од Германија одржа мастер клас обука (галерија) - Македонија Денес

ICE Festival 2017:Мастер шефот Ралф Б. Менегини од Германија одржа мастер клас обука (галерија)

Опомена!!!

Денес во рамките на  ICE2017 INNOVATIVE CULINARY EXPERIENCE кој се одржува од 2 до 8 октомври до Винарија Камник,шефот  Ралф Б. Менегини од Германија одржа мастер клас обука на која со македонски производи презентираше иновативно готвење на германски начин.

Учесниците на  ICE2017 INNOVATIVE CULINARY EXPERIENCE кој за прв пат се одржува во Македонија, кои воедно ќе бидат и дел од првата академија за готвење во Македонија ексклузивно добија рецепти за трите приготвени и презентирани јадења, како и совети и насоки од врвниот шеф Ралф Б. Менегини.

ICE Festival 2017

Ралф Б. Менегини е одличен и високо квалификуван германски Мастер Шеф со повеќе од 30 години искуство во кујни познати по квалитетот.

Опомена!!!
Роден е во Берлин и има 52 години. На почетокот се ориентирал на подготвка на пецива, а подоцна се квалификувал како Шеф. Десет години работел во многу држави како Шпанија, Грција, Швајцарија, Австрија, па дури и во земји на Блискиот Исток. Готвел за најдобрите ресторани во високите „крузери“ кои крстосуваат низ светот, а бил и главен шеф во повеќе хотели со пет ѕвезди.

ICE Festival 2017

Моментално работи како готвачки тренер и организа семинари за развој на концептите на готвење и подготвува готвачи шоуа насекаде низ светот. Професор е и на Универзитетот за менаџмент на храна и кулинарски развој. Долги години е член на асоцијацијата на германски шефови и  олимписки вицешампион во готвење во 2008 година.

Ралф е и менаџер на Националниот германски готвачки тим, а притоа е и член на многу кулинарски асоцијации. Неговата филозофија е дека искуството треба да се пренесе, да се споделуваат идеи и да се разменуваат искуства. Готвачите треба да бидат иновативни и да смислуваат нови работи, а притоа да уживаат во среќата која ја носи готвењето.

фото:Пента

ICE Festival 2017:Мастер шефот Родриго Дуранд Серда од Чиле одржа мастер клас обука (галерија)

Опомена!!!

Поврзани вести

Опомена!!!
Translate »