ICE Festival 2017:Мастер шефот Ердем Дирбали од Турција одржа мастер клас обука (фото) - Македонија Денес

ICE Festival 2017:Мастер шефот Ердем Дирбали од Турција одржа мастер клас обука (фото)

Опомена!!!

Денес во рамките на  ICE2017 INNOVATIVE CULINARY EXPERIENCE кој се одржува од 2 до 8 октомври до Винарија Камник,шефот Ердем Дирбали од Турција одржа мастер клас обука на која со македонски производи презентираше иновативно готвење на турски начина.

Ердем Дирбали

Учесниците на  ICE2017 INNOVATIVE CULINARY EXPERIENCE кој за прв пат се одржува во Македонија, кои воедно ќе бидат и дел од првата академија за готвење во Македонија ексклузивно добија рецепти за трите приготвени и презентирани јадења, како и совети и насоки од врвниот шеф Дирбали. 

Опомена!!!
Ердем Дирбали

Ердем Дирбали доаѓа од Турција, а зад себе има 21 година готвачко искуство. Готвачот моментално е food and beverage директор во луксузниот хотел Тујап Палас, а во текот на кариерата постојано бил дел од најпознатите хотели низ светот.

Ердем Дирбали

Покрај хотелите, дел од неговото богато искуство се и голем број ресторани со мишелин ѕвездички. Осум години работел во Истанбул, четири во Анталија, а девет во Лондон.  Поради неговото искуство и професионално знаење, одржувал семинари и предавања во над 20 готвачки училишта и универзитети.

Ердем Дирбали

Како директор на турскиот национален готвачки тим, има освоено многу медали и купови на интернационални натпревари и олимпијади ширум светот. Тој е прв турски судија кој е дел од „Erfurt World Chef“ Олимпијадата, како и од „Global Chef Chalenge”.

фото:Пента

Опомена!!!

Поврзани вести

Опомена!!!
Translate »