Погледнете како изгледаат ракавици кои го преведуваат знаковниот јазик!(видео) - Македонија Денес

Погледнете како изгледаат ракавици кои го преведуваат знаковниот јазик!(видео)

Опомена!!!

Знаковниот јазик е јазичен систем за комуникација на глувите и наглувите лица во светот.

Јазикот се базира на гестикулации како основни елементи на комуникација со развиена знакова азбука и има специфичен заштитен законски статус низ цел свет.

Знаковната азбука може да биде изведена со една или со две раце. Се користи во 138 држави низ светот на исто толку јазици кои се говорат. Точната бројка на корисници на овој јазик не е сосема позната, додека во Македонија се проценува дека има над 6.000 лица кои го користат.

Знаковниот јазик начесто го користат лицата кои имаат потреба за него но и лица кои комуницираат со нив, а од неодамна се отвори можноста знаковниот јазик да е разбирлив за сите.

Имено двајца студенти од Вашингтон ја завршија својата иновација за ракавици кои може да го преведат знаковниот јазик во текст или говор. Секако тоа во прво време е на англиски јазик.

Иновацијата на младите студенти им ја донесе “Lemelson МИТ” наградата во вредност од 10.000 долари кои планираат целосно да ги вложат во развојот на нивната иновација. Самиот изум го носи називот “Sing Aloud” и е еден пар ракавици кои може да препознаат гестикулации со раце кои одговараат на зборови или цели фрази од американскиот знаковен јазик.

Секоја ракавица содржи сензори кои ги снимаат и движењата на рацете и ги праќаат сигналите во базата податоци безжично преку Bluetooth до централниот компјутерски софтвер. На компјутерот може да се забележи дека податоците добиени од знаковниот гест се регистрираат како различни фрекфенции на статистичко назначување, сличен на нервните мрежи. Ако податоците одговараат на гест, тоа се поврзува со збор или цела фраза која се изговара преку звучникот каде е базата на снимени зборови и фрази.

Според младите иноватори ова значи изнаоѓање начин да се преведе американскиот знаковен јазик а потоа и сите останати знаковни јазици во вербална форма моментално и ергономски што во суштина е посебна наука за капацитетот и способностите на работниот човек и оптимирање на условите за работа.

“Многу од уредите кои се веќе на пазарот за преведување на знаковен јазик веќе не се практични за секојдневна употреба. Некои користат видео излез, додека други имаат сензори кои ја покриваат сопствената рака или тело на корисникот со што тој неможе целосно да комуницира. Нашите ракавици се лесни, компактни и што е најбитно како ракавици не сметаат воопшто кога се носат на себе, но се доволно ергономски да се користат како секојдневни помагала, слични на слушните помагала или контактните леќи.” – истакна Навид Азоди.

Неговиот колега Томас Приор надополни: “Нашата цел за развивање на овие ракавици беше да обезбедиме лесен начин за користење мост помеѓу мајчинот јазик на американскиот знаковен јазик и остатокот од светот. Потоа е лесно да се модификуваат и на другите јазици. Идејата првично произлезе од нашиот заеднички интерес во пронајдокот и решавањето на проблемите. Но спојуваќи го нашето уверување дека комуникацијата е фундаментално човеково право, ние се обидовме и за сега успешно го направивме тоа достапно за што е можно поголем аудиториум.”

 

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »