Хранлива маска која ќе ја регенерира вашата коса! - Македонија Денес

Хранлива маска која ќе ја регенерира вашата коса!

Опомена!!!

Само две состојки се потребни за неверојатната маска која ќе ја обнови вашата коса. Проверено!

Во текот на летото постојано сме во потрага по козметички производи и природни маски кои ќе ја обноват нашата коса по изложеноста на сонце и пливањето во море. На интернет можете да најдете безброј рецепти за хранливи маски кои ќе ја оживеат и ќе ја обноват косата и притоа ќе ја направат брилијантна и здрава. Во морето на комплицирани рецепти и процедури, најдовме совршена и едноставна маска од само две состојки кои даваат брзи резултати.

Станува збор за комбинација од сосема природна мешавина на кокосово и масло од арган, кое не само што ја храни косата туку и дава сјај, а успешно се бори и против оштетените краеви.

Комбинирајте кокосово масло и масло од арган во сооднос 50:50, и нанесете на оштетена и сува површина на косата.

Оставете го маслото да отстои помеѓу 30 и 60 минути (или оставете ја маската преку ноќ), потоа исплакнете со вода и нормално измијте ја косата.

Резултатот е мазна и сјајна коса. Маската, исто така, добро функционира и на оштетена коса, на која и треба малку повеќе внимание и нега.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »