Хороскопски знаци кои ќе ве сакаат доживотно! - Македонија Денес

Хороскопски знаци кои ќе ве сакаат доживотно!

Опомена!!!

Некои хороскопски знаци се заљубуваат неделно, додека други со години и децении сакаат само една личност.

Огнените и воздушните знаци предизвикуваат страст и желба за нови искуства, па за нив поголема е веројатноста дека ќе имаат многу сериозни љубовни врски, додека земјените и водните знаци се повеќе склони кон трајни чувства, и затоа тешко се одљубуваат од некој кого веќе го засакале.

Рак
Тој е способен целиот свој живот да сака само едно лице, дури и ако тие повеќе не се заедно. Неговите чувства се трајни, стабилни, постојани, така што не му е лесно да се одљуби ако врската не функционира а проблемите се дојдени до врат. Добро е да ги имате за партнери, бидејќи тие се подготвени да направат се за оној што го сакаат.

Риби
Нивните чувства не се толку интензивни и длабоки, но Рибите се во состојба да поминат децении обожавајќи и идеализирајќи едно лице. Тие се сонувачи кои тешко ја разликуваат реалноста од имагинацијата, па затоа често се нереални во љубовта. Оној кој ги крева во ѕвездите секогаш ќе живее во нивната душа, дури и ако е во среќна врска со некој друг.

Бик
Му треба многу време за да се заљуби, но кога некому ќе му го даде срцето, неговите чувства стануваат трајни и постојани. Тој не е заљублив и склон да “шара” на страна, па кога ќе најде личност со која се согласува, ќе биде пресреќен. Создавањето стабилност и основањето на семејството е она кон што секогаш се стреми.

Јарец
Не се отвора лесно кон другите поради стравот од разочарување. Неговиот штит тешко се крши, но оној на кого ќе му тргне ова од рака, ќе добие лојален и верен партнер кој ќе му даде стабилност. Јарецот е цврста и сериозна личност која повеќе од се го цени мирот и сигурноста. Кога некој искрено ќе засака, оваа љубов ќе трае вечно.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »