Хороскоп и парите: Рибите заработуваат и трошат, Раковите штедат и позајмуваат - Македонија Денес

Хороскоп и парите: Рибите заработуваат и трошат, Раковите штедат и позајмуваат

Опомена!!!

Вашиот однос кон парите, покрај хороскопскиот знак во кој сте родени, зависи и од втората куќа на хороскопот и планетите кои се сместени во неа. Еве што открива знакот во кој сте родени за вашето располагање со финансиските средства.

Овен

Не сакаат да собираат пари на куп, туку повеќе сакаат секогаш да вложуваат, а не бегаат од ризичните инвестиции кои некогаш им се исплаќаат, а некогаш не. Импулсивни и темпераменти не се занимаваат со размислување за иднината, па и нивниот однос кон парите е таков.

Бик

Како сите земјени знаци и Биковите се на глас како штедливи и претпазливи со парите. Сепак, луѓето родени во овој знак не се скржави и секогаш ќе ги потрошат со задоволство парите на убава храна, пијалок или уредување на домот, со тоа приказната за нивната штедливост обично не држи вода. Сакаат да собираат пари и работи.

Близнаци

Близнаците живеат од момент до момент, што е видливо и по нивниот однос кон парите. Невнимателни се и не сакаат да штедат, па често се во долгови, од кои се извлекуваат со барање позајмици или кредити.

horoskop_1000x0

Рак

Овие луѓе се многу внимателни со парите и од мали нозе се штедливи и промислени. Сакаат да „калапат“ пари и не се склони кон расипничко однесување, но не се скржави, па секогаш со задоволство им позајмуваат пари на членовите на семејството или пријателите кои имаат проблеми.

Лав

Лавовите сакаат луксуз и уживаат да трошат пари на уживање и задоволство. Сакаат другите да им завидуваат, па често имаат најскапа облека, парфеми и накит, а со задоволство вложуваат и во автомобили и уредување на станот. Великодушни се, па не трошат само на себе, туку и на луѓето кои ги сакаат, а со задоволство често се во убави ресторани и одат на патувања.

horoskop-profimedia-0197163041_1000x0

Девица

Како и сите аспекти на животот, Девиците се внимателни и по прашњето на финасиите. Штедливи се и секогаш внимаваат како ги трошат, а не се впуштаат во поголеми трошоци без детална анализа. Песимисти се кои стравуваат од неизвесната иднина, па затоа секогаш настојуваат да имаат нешто пари на страна, за црни денови.

Вага

Вагите  вистински уживаат во купување, па затоа за нив може да се рече дека се најрасипничкиот хороскопски знак. Уживаат во убава облека, козметика, козметички третмани и на тоа никогаш не штедат. Често се во минус на сметките, но некако успеваат да спојат крај со крај со пеглање на картичката, позајмување или кредити.

Шкорпии

Шкорпиите се вистински мајстори кога се работи за пари. Овие луѓе имаат добар нос за бизнис, а при впуштањето во поголеми инвестиции редовно се потпираат на својата интуиција која ретко ги изневерува. Храбри се и склони на ризик, што може да им биде многу исплатливо.

Стрелец

Великодушниот Стрелец е еден о знаците кои не се замараат со штедење и стравот од иднината. Трошат како утре да не постои, а со задоволство одат на патувања или често се во ресторани. Сакаат да трошат и на други, и поради тоа што не внимаваат често крајот на месецот го дочекуваат со минус на сметката. Нивен владател е среќниот Јупитер кој секогаш се грижи да не бидат без ниедна пара.

profimedia-0075839424_1000x0

Јарец

Тие се претпазливи и амбициозни луѓе кои напорно работат за парите, и затоа не сакаат брзоплето и импулсивно да потрошат. Од мали нозе штедат и се откажуваат од луксуз, затоа што парите им претставуваат сигурност и моќ. Обично се смета дека се скржави, но тоа не е вистина, затоа што Јарците секогаш им помагаат на ближните ако се најдат во проблеми.

Водолија

Водолиите не ретко имаат невообичаен односкон парите. Постојат периоди во животот кога имаат многу, но и периоди кога се во беспарица. Со задоволство трошат на себе и друштвото, делат се што имаат и секогаш им позајмуваат на пријателите.

Риби

Рибите можат да бидат вистински мајстори во стекнување пари, но не им е лесно да ги задржат. Живеат во некој свој свет каде парите не играат главна улога па често трошат над своите можности. Не е ретко до грло да се во минус и кредити па секој месец некако спојуваат крај со крај.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »