HomeBiogas 2.0 или како до 100% еколошки биогас(видео) - Македонија Денес

HomeBiogas 2.0 или како до 100% еколошки биогас(видео)

Опомена!!!

HomeBiogas 2.0 оваа есен на пазарот. За многумина биогасот е познат како поим но малкумина знаат дека можат безбедно да го произведуваат и сами.

Она што оваа есен излезе на пазарот како иновација е моделот HomeBiogas 2.0 кој во основа е мини производствен погон на биогас кој може да ги задоволи потребите на вашите викенд куќи.

“Сосема ни е јасно дека како производ не е можно целосно да се надевате на биогас кој сами ќе го произведувате во дворот од вашата викенд куќа или помал дом но она што ние оваа есен го презентиравме кај нашите клиенти со голема еколошка свест е нешто што е пионер и дава можности и за поголеми уреди. Најбитно од се е дека биогасот кој го користите од овој производ е 100% природен.”

Во основа се работи за дебела церада од која е направен HomeBiogas 2.0. Во едниот отвор физички се фрлаат отпадоците од храна или есенски лисја кој едноставно секогаш сметаат во дворот. Процесот како од тие компоненти се произведува биогас е едноставен. И тој е производ на природата. Се работи на обичниот принцип на ферментација.

Дебелата церада е доволно дебела да не пропушта воздух а и да изгледа убаво во дворот на вашата викенд куќа или мал дом но е доволно тенка да ги апсорбира сончевите зраци дури и кога сончевиот ден е само светол ден.


Од другиот отвор се наоѓа филтерот. Биогасот како и секое гориво има една мана. Отровно е. Но за разлика од безмирисните смртоностни гасови, биогасот мириса, согласно содржините од кои се создава со процесот на ферментација. Филтерот го прочистува и го складира во боца, која потоа преу лесно поврзувачки систем го носи до вашиот апарат за домаќинство за готвење каде се поврзува како и обичните плински боци.

Биогасот така нема мирис но има иста моќ на согорување како и другите видови гас кои треба да ги платите. Голем број потенцијални купувачи се воодушевени од идејата која ја споредуваат со реченицата “како од сопствениот отпад да направите нешто корисно”.


Ваквиот начин на производство на биогас е идеален. Но капацитетно ниво тоа во урбани средини не е возможно затоа што содржината по достигнување на максималниот капацитет на ферментиран отпад и лисја треба да се истури во прородата каде делува подобро од хумус како прихрана за растенијата.

Тој процес во урбаните средини е невозможен па компанијата работи на канистри каде би се собирал отпадот и начин и принцип како тој би се депортирал во природата. За почеток, според најавите, за 400 долари добивате мини централа за биогас која има 10 годишна гаранција.

 

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »