Холивудскиот заводник ја шокираше јавноста: Скршеното срце го лекува со целибат (фото) - Македонија Денес

Холивудскиот заводник ја шокираше јавноста: Скршеното срце го лекува со целибат (фото)

Опомена!!!

Разводот од Анџелина Џоли го скршил срцето на Бред Пит и актерот тоа дури го споредувал со смртта, но во самотијата видел можност да се посвети на себе си, и според пишувањето на “The Sun” , доброволно се решил на целибат до година дена.

Изворот кој тоа го открил за “The Sun” , напомнува дека поголем дел од неговиот живот Бред бил во врски, па сега кога останал сам решил да се посвети на себе и работите кои досега не можел да ги прави.

Згодниот актер по разводот од Анџелина ослабел, јаде поздраво и не повеќе не пие алкохол, а со пуза од жените наводно сака да ги разбистри мислите.

Бред Пит

Неодамнешниот развод на неговата прва сопруга Џенифер Анистон ги поттикна нагодувањата за повторно зближување на поранешните сопружници кои сега се слободни.

Актерот не ги коментирал тие шпекулации, а ПР на Џенифер Анистон тврдењата дека Бред Пит и бил рамо за плачење ги нарекол чисти измислици. 

Извор близок до актерот неодамна за  “Us Weekly”  открил како Бред Пит сега живее мирен живот и доста време поминува сам во неговиот дом.

Бред Пит

-Тоа е негово засолниште и во него го наоѓа мирот. Поради тоа често прави реновации во куќата и околу неа постојано нешто менува. Освен тоа 54- годишниот актер редовно оди на терапии за одвикнување од алкохолот на кои се обврзал. На терапиите оди секоја недела, а најмногу се концентрира на нови учења и насоки како да биде подобар човек и татко, затоа што најтешко му паѓа разделеноста од децата. Слободното време холивудскиот заводник најчесто го поминува во музеи, галерии или на концертите“, открива неименуваниот извор.

Прв пат по разводот брутално суров: Бред Пит отворено за алкохолот, дрогата, Анџелина и децата …(видео)

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »