Грешки поради кои ќе изгледате непрофесионално! - Македонија Денес

Грешки поради кои ќе изгледате непрофесионално!

Опомена!!!

Можеби мислите дека никој не обрнува внимание на тоа како се облекувате на своето работно место, но бидете сигурни дека тоа не е така. Иако секој од нас има свој личен стил, кога е во прашање работното опкружување, постојат работи кои не се примерни. Веројатно веќе ви е јасно за што станува збор. Неколку важни имиња од моќните компании на модната индустрија, го дадоа своето мислење за тоа кои стилови и парчиња гардероба се сметаат за непрофесионални, а ние врз основа на нивните одговори составивме листа од 6 најголеми грешки.

Грешка број 1

Старомодното облекување е најголемиот моден злочин, кој може да се направи на работното место. Облекувањето во согласност со времето во кое што живеете е еден од добрите манири.

Грешка број 2

Премногу шминка, прекратки фустани и здолништа, покажување на премногу кожа и превисоки чевли – оставете ги за вечерното излегување со пријателките.

Грешка број 3

Џинс. Џинс и професионалност едноставно не одат заедно, било што од тексас оставете го за своето слободно време.

Грешка број 4

Облекувањето премногу брендирана гардероба е апсолутно непосакувано, што посебно важи за интервју за работа или за првите денови на работа. Прво и основно гледајте да бидете забележани по својата работа, таа да биде во центарот на вниманието, а не вашиот скапоцен аутфит.

Грешка број 5 

Неуредна и нечиста облека, која многу кажува за вашиот карактер и хигиенски навики. Ако веќе носите кошула, или нека биде совршено испеглана и закопчана, или воопшто не ја облекувајте. Средина нема.

Грешка број 6

Една од најголемите грешки која можете да ја направите е да не ја усогласите гардеробата со компанијата во која работите или се пријавувате да работите.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »