Грешки кои жените ги прават при бричење на пазуви! - Македонија Денес

Грешки кои жените ги прават при бричење на пазуви!

Опомена!!!

Постојат правила до кои би требало да се придржувате доколку не сакате кожата под пазувите да ви биде иритирана и да имате внатрешни влакненца.

Како прво, никогаш немојте да се бричите “на суво”! Секогаш бричете се во текот на туширањето и тоа откако под пазувите ќе нанесете сапун или пена за бричење. Тоа ќе ви овозможи прецизно да ги оттргнете влакната, ќе се спречи нивно враснување и помали се шансите да се исечете.

Второ, никако не користете тап жилет! Бричот треба да се менува на неколку недели, односно тогаш кога лентата на него ќе избледи. Примената на тап жилет резултира со поголем притисок врз кожата, а со тоа се овозможува нејзина иритација. Исто така, неопходно е бричот да го повлекувате во различни правци, бидејќи влакненцата растат во различни насоки.

Советот е да ги отстранувате влакненцата навечер и после тоа да не нанесувате дезодоранс, затоа што може да предизвика иритација.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »