Гобац од Психомодо Поп ве кани на Пиво Фест во Прилеп (видео) - Македонија Денес

Гобац од Психомодо Поп ве кани на Пиво Фест во Прилеп (видео)

Опомена!!!

Годинава, Пиво Фест прославува јубилеј- 15 години од своето постоење. Години исполнети со многу забава, насмевки, дружби, пиво и музика.

Од 13-16 јули, фестивалот во Прилеп ќе биде епицентар на забавата во Македонија, а за добра атмосфера ќе се погрижат голем број музички имиња, од земјава и соседството.

Култниот екс-ју бенд „ Психомодо Поп“ настапува во четврток, на отварањето на Пиво Фест. Момците од Хрватска, на чело со Давор Гобац го формираа бендот во 1983 година и се уште се актуелни со одличната панк рок музика по која се препознатливи. Во музичката историја ни ги оставија песните- Фрида, Ја волим само себе, Рамона, Секси Магазин, Она одлази и многу други хитови кои прераснаа во евергрини.

Пејачот Гобац кој е заштитно лице на „Психомодо Поп“ и секогаш не изненадува со неговите контроверзни и забавни настапи, сними видео во кое ја кани публиката да дојде и да го чуе на овогодинешниот Пиво Фест 2017:

Давор Гобац ПСИХОМОДО ПОП ве кани на ПИВОФЕСТ 2017

Давор Гобац ПСИХОМОДО ПОП ве кани на ПИВОФЕСТ 2017

Posted by Pivofestival.mk on Dienstag, 4. Juli 2017

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »