Гент Универзитетот од Белгија со 60 милиони евра од Хоризон 2020 програмата - Македонија Денес

Гент Универзитетот од Белгија со 60 милиони евра од Хоризон 2020 програмата

Опомена!!!

Гент е универзитет за јавно истражување, лоциран во истоимениот град во Белгија. Основан е 1817 година од кралот на Белгија- Вилијам Први.

Гент е првиот универзитет во Белгија каде што официјалниот јазик за студирање е холандскиот. На Гент студираат 41 000 студенти и има 9000 вработени. Рангиран е во топ 100 најдобри универзитети во светот и поделен на вкупно 11 факултети, а поради успешните истражувачки проекти кои ги работи секоја година неговото рангирање расте.

Универзитетот има неколку партнери со кои соработува преку Еразмус програмата и има размена на студенти на сите шест континенти.

Покрај Еразмус, неповратни финансиски средства добива и од програмата Хоризон 2020. Во период од 2014 до 2016 година, за 108 проекти, добитник е на грантови во вредност од 60.207.127 евра.

Доколку сакате да дознаете повеќе за европските програми Хоризон 2020 и Еразмус+, како и околку аплицирање со проекти, сите информации може да ги најдете ОВДЕ.

 

 

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »