Генијално: Еве начин како да ја победите обложувалницата и секогаш да имате добивка - Македонија Денес

Генијално: Еве начин како да ја победите обложувалницата и секогаш да имате добивка

Опомена!!!

Еден маж од Бањалука успеал во нешто што никој не го сторил – на оригинален начин ги победил обложувалниците.

Своето искуство и борба го раскажал во еден здив, со голема насмевка на лицето.

– Себе си се сметав за умерен играч. Неделно играв три четири тикети, на вложени пет марки (приближно 180 денари) целев на исто.

Просечна квота со самото тоа ми беше малку повеќе од дваесет. Да се разбереме, уживав во играта, исчекување на голот или промената на резултатот на телетекс.

И сега уживам во тоа, но што би кажала мојата баба „ за сите мои пари“, вели тој.

обложувалница

Системот е едноставен, но функционира. Човекот отворил своја домашна обложувалница. Се обложува исто  колку што се обложувал и порано, само ги заменил улогите.

Станал „сопственик“ на обложувалница во која има само еден активен играч – тој самиот.

Игра тикет според квотите на обложувалниците на лис хартија, а парите наменети за обложување наместо во обложувалница ги става во касичка.

Доколку не ги погоди облозите, вложените пари остануваат во неговата касичка.

Доколку погоди, зема пари од таа иста касичка.

По месец дена секојдневно играње поминал еден тикет од 120 марки кои ги исплатил од истата касичка во која ги става уплатите од своите ливчиња.

Во касичката по првиот месец останале 150 марки.

Тој се придржува до основното коцкарско правило, многу повеќе се губи од што се добива на обложување. Овој маж страста за „обложување“ ја победил со здрав разум.

Нема пропаднат тикет кај нив: спортските обложувалници на Балканот споделија фотографии од најсексапилните вработени девојки (галерија)

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »