Футуристичка иновација која ќе донесе нова ера во транспортот (видео) - Македонија Денес

Футуристичка иновација која ќе донесе нова ера во транспортот (видео)

Опомена!!!

Проектот на еден од најголемите и најпознати производители на гуми во светот- „Hankook Tire“ би можел во иднина да донесе огромни промени во сообраќајниот транспорт.

„2016 Connect to the Connected world” ни прикажува низа на иновативни начини на возење во иднината. Од еден вид на модернизирани „тротинети“ на едно тркало, до полициски автомобили кои изгледаат како да се излезени од научнофантастичен филм. Проектот на „Hankook Tire” нуди футуристички приказ на мобилноста и движењето преку нивните најнови модели на гуми за кои очекуваат дека еден ден ќе бидат употребувани во нашето секојдневние.

Нивниот изум „Magfloat” користи магнетни полиња и се движи на принцип на ротација, а има за цел да го олесни секојдневното движење на луѓето. Постигнува брзина од 20 км/час и овозможува брзо и лесно пристигнување кон саканата дестинација.

„Flexup“  е еден вид на прототип на „Magfloat” и овозможува лесно движење дури и на најнепристапните места како што се скалите. Неговото управување потсетува на движењето кога скијаме, па така на оние кои имаат скијачко искуство, „Flexup”  ќе им биде навистина лесен за употреба.

„iPlay“ има две големи тркала и наменето е само за еден корисник. Неговата флексибилност и дизајн го прават ова возило да изгледа како превоз од соништата кој секој би посакал во иднина да го поседува.

„Shiftrack”  е полицско возило кое на полициските службеници ќе им овозможи полесно движење низ улиците и балансирано вртење на кривини при бркотници. Овие возила ќе бидат побрзи и побезбедни со цел да им помогнат при работа на  припадниците на полицијата.

„Autobine“ е футуристички мини бус кој се прилагодува и менува во зависност од бројот на патниците кои ги превезува и нивната тежина. Гумите на овој мини бус ќе бидат флексибилни и ќе се активираат или деактивираат по потреба.

Во продолжение погледнете го видеото во кое се прикажани сите овие иновативни изуми за кои се надеваме дека ќе може да ги користиме во најблиска иднина:

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »