Францускиот национален центар за научно истражување со 355 милиони евра од Хоризон 2020 - Македонија Денес

Францускиот национален центар за научно истражување со 355 милиони евра од Хоризон 2020

Опомена!!!

Францускиот национален центар за научно истражување е најголемата владина истражувачка организација во Франција и најголема истражувачка агенција во Европа.

Во центарот работат 32 000 луѓе ( инжинери, истражувачи и администрација), а поделен е на 10 институти. Се вршат научни истражувања од повеќе области: хемија, екологија, физика, информатика, биологија, социјални науки, астрономија и други.

Покрај седиштето во Париз, националниот центар има свои канцеларии и во многу градови низ светот како Њу Делхи, Брисел, Пекинг, Токио, Сингапур, Вашингтон, Бон, Москва, Тунис…

Постои веќе 77 години, а оттогаш па навака овде се направени значајни откритија и истражувања. Токму поради тоа, за вкупно три години, од европската програма Хоризон 2020, центарот добива грантови во износ од 354.978.881 евра. Неповратните финансиски средства, се доделени за вкупно 496 проекти.

Доколку сте заинтересирани за програмата Хоризон 2020, како и за можностите кои ги нуди, повеќе информации може да прочитате ОВДЕ

 

 

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »