Фондацијата за истражување и технологија- Хелас со 38 милионски грантови од програмата Хоризон 2020 - Македонија Денес

Фондацијата за истражување и технологија- Хелас со 38 милионски грантови од програмата Хоризон 2020

Опомена!!!

Фондацијата за истражување и технологија- Хелас ( FORTH), е истражувачки центар лоциран во Грција и под закрила на Министерството за образование, поточно секретаријатот за технологија и истражување.

 

Центарот е поделен на седум истражувачки институти, лоцирани во повеќе грчки градови, а главните административни канцеларии се наоѓаат во Хераклион, Крит.

FORTH e основан во 1983 година, а областите на истражување кои ги опфаќа се од научен, социјален и економски интерес. Во центарот се врши истражување и технолошки развој на компјутерски науки, молекуларна биологија, ласери, телекомуникации, микроелектроника, роботика, биотехнологија, медицинско инжинерство, математика, биомедицина и историски студии.

За иновациите и истражувачките проекти спроведени од Фондацијата за истражување и технологија, европската програма Хоризон 2020 во периодот од 2014-2016 година одвои вкупно 37.831.991 евра, неповратни финансиски средства. Финансиската помош од Хоризон е поделена на вкупно 95 проекти.

Доколку сте заинтересирани да дознаете повеќе за програмата Хоризон 2020, како и другите европски програми кои финансираат иновации и проекти, се што треба да знаете можете да го прочитате ОВДЕ.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »