Флексибилни бариери за заштита од поплави(видео) - Македонија Денес

Флексибилни бариери за заштита од поплави(видео)

Опомена!!!

Шветските иноватори отсекогаш имале едноставни решенија за комплицирани нешта и овој пат тоа го потврдија.

Години наназад работат активно на полето на спречување на поплави кои со климатските промени доаѓаат изненадувачки брзо и оставаат позади себе огромни штети.

NOAQ Boxwall e шведското решение за поројните дождови и поплави. Имено оваа компанија произведува флексибилни бариери за заштита на домовите или инфраструктурата од поплави.

“Првенствено кога започнавме да го истражуваме овој пазар моравме да се соочиме со еден факт. Од поплава не може да се одбраниш ако сакаш да заштитиш се. Но може да ги заштитиш виталните објекти ако правилно ја насочиш водата која сакале ние или не, мора да има некаков проток.

Прво работевме со огромни флексибилни дводелни заштитни огради изработени од цврста гума кои реално делуваа на два системи. Прво самите стануваа се појаки како се полнеа со вода и второ не дозволуваа водата да помине под нив како таа беше она нешто што ги одржуваше цврсто поставени на површината. Но тоа се системи за помали поплави каде водата може да ја задржиш во своевиден т.н. базен но до одредена граница.

Оваа година на пазар ги исфрливме флексибилните единечни заштитни бариери од поплави. Со нив целта не ни беше да ја задржеме водата на едно место туку лесно да ја насочиме онаму каде сакаме. Штети имало и ќе има, но ако добро се раководи со водената стихија тие ќе се многу помали отколку ако не се превземе ништо.

Единечните заштитни бариери функционираат на системот на старите метални огради кои полицијата ги користеше за обезбедување на демонстрации. Колку поголем отпор им даваш толку подобро функционираат.

Нивниот гарабит е помал за да може да е делува брзо и да може во помали случаи кои не се работи за поплави од временски причини туку од пукната цевка на пример и само еден рабоник со систем на нивно поставување и моделирање да го насочи водотокот на вистинското место.

Оваа работа некои ја ценат како иновација, иако ние сакаме да ја нарекуваме практична примена на веќе видени иновации но во полза и корист за спас од поплави. И прилично добро ни оди. Голем дел од градските власти до поголемите градови во Европа особено северните веќе имаат порачки на големи количини вакви модели за т.н. “канализирање” на вишокот вода но не се мали ни порачките на системите за заштите од поплави во форма на базенски капацитети.

Тоа секако не е само наша гордост туку и обврска па ние мора постојано со тимот иноватори и инжењери да работиме на што подобри решенија за превенција од поплави.”

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »