Еве каква зима не очекува според верувањата ако на Митровден врне дожд - Македонија Денес

Еве каква зима не очекува според верувањата ако на Митровден врне дожд

Опомена!!!

МитровденСв. великомаченик Димитриј – Митровден се празнувана 8.ноември. Именден празнуваат: Димитрија, Митре, Димо, Димко, Димана, Димка, Мите, Димитрина, Митра…

Свети Димитриј се роди во Солун, во третиот век. Беше син единец на солунскиот војвода. По смртта на татко му, цезарот Максимијан го постави Димитриј на истото место и посебно му препорача да ги гони христијаните. Меѓутоа, Димитриј не само што не ги гонеше, туку и јавно ја исповедаше и проповедаше верата во воскреснатиот Христос. Штом слушна за тоа, цезарот, враќајќи се од еден поход, сврати во Солун, за да ја испита работата. Го повика Димитриј, кој не ја одрекуваше својата вера и дури и го убедуваше цезарот во бесмисленоста на идолопоклонството. Максимијан се разгневи и го фрли Димитриј во затвор, а по неколку дена и го погуби. Некои христијани го земаа неговото тело и чесно го погребаа. На тоа место подоцна беше подигната црквичка, а после и голема црква, која до ден денес се наоѓа во Солун. Таму се сместени и неговите мироточиви мошти.

Митровден е празник преполно со народни обичаи и повеќе вековни традиции. По тоа какво е времето на денешниот ден се предвидувало каква ќе биде претстојната зима. Ако денес врне и има мраз не очекува долга и студена зима со многу снег. Ако денот е сончев, наводно зимата ќе биде блага, со исклучително малку студени денови. Ако на Митровден падне снег, се верува дека снегот ќе се задржи до април.

Додека повеќето од нас го исчекуваме првиот снег, ни пристигна силно невреме со грмотевици кои се невообичаени за оваа доба од годината. Според народните верувања, овие грмотевици означуваат дека наредната година ќе биде родна.

Исто така за овој ден постои верување дека во очите на Митровден секој треба да биде во својата куќа, бидејќи ако не биде дома, тој цела година ќе преноќува по туѓи куќи. Ова „правило“ не важи за оние кои слават или одат на слава кај роднините или блиски пријатели,но и тие мора да преноќат во својата куќа.

Ова се уште некои верувања поврзани со ноември и декември:

НОЕМВРИ
Ако грми во ноември, тоа значи дека идната година ќе биде плодна.
Ако има снег на Св. Архангел Михаил (21.11) – идната година ќе биде бериќетна.
Ако падне снег во ноември и остане повеќе денови, тоа е подобро за земјата отколку да се ѓубри.
Ако е на Митровден (8.11) ведро, зимата ќе биде сува и мразовита.

ДЕКЕМВРИ
Ако на Вoведение на Пресвета Богородица (4.12) е ведро, годината што следи ќе биде плодна.
Ако на Св. Андреј (13.12) паѓа снег, ќе ги „однесе“ посевите и овошките.

Утре е Митровден: Според народните верувања треба да сторите само една работа за да имате мирна година

 

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »