Еве како парите да ви станат секојдневие: За овој Фенг шуи трик ви се потребни 30 секунди, а повеќе никогаш нема да бидете шворц - Македонија Денес

Еве како парите да ви станат секојдневие: За овој Фенг шуи трик ви се потребни 30 секунди, а повеќе никогаш нема да бидете шворц

Опомена!!!

Парите полесно можеме да ги привлечеме во својот живот со добра енергија и позитивните мисли. Токму во тоа ни помагаат Фенг шуи советите – за да околу и во нас создадеме атмосфера на изобилство и со самото го засилиме природниот магнетизам за финансиска благосостојба.

Во ова многу може да ни помогне еден едноставен Фенг шуи принцип кој наједноставно може да застане во една реченица – Бидете благодарни за тоа што го имате!

Да, толку е едноставен! Многу е важно да бидете благодарни за благодетите кои веќе ги имате во животот – на тој начин можете да привлечете уште добри работи, додека „жалењето“ предизвикува уште причини за истото.

Значи, негувајте благодарност за парите и финансиите кои веќе ги имате, дури да тоа биле и само неколку стотици денари и набрзо во вашиот живот ќе пристигнат уште пари. Благодарност прави да се чувствувате  подобро и ги „засилува“ шансите во нашиот живот да влезат уште добри можности. Фокусот на добрите работи и тоа што ви доаѓа допринесува истото да се дуплира, додека фокусот на негативност и недостатоците сигурно предизвикува токму  – немаштија.

Фенг шуи

Исто така, луѓето често пати добивката ја сфаќаат здраво за готово, заборавајќи да се заблагодарат на тој дар од природата, додека паричните загубите  ги преживуваат на доста драматичен начин и обрнуваат многу внимание на нив. Следниот пат кога нешто ќе добиете, не заборавајте да се заблагодарите, тоа се само 30 секунди од вашето време.

Прочитајте и уште некои Фенг шуи совети со помош на кои можете да привлечете повеќе пари во Вашиот живот, да ги подобрите Вашите деловни шанси…

Парите се поврзуваат со најблискиот лев агол од било кој дел од просторот. Главното подрачје е во најјужниот агол во станот, а постои и подрачје на финансии во секоја просторија, работната соба, спалната, кујната… За да ги исполните овие подрачја со позитивна енергија, следете ги следниве совети:

  • Исчистете го нередот во овие подрачја. Ако ги отстраните непотребните предмети  ќе привлечете позитивна финансиска енергија
  • Поправете ги сите предмети кои се скршени и нефункционални. Она што не работи не би требало да го чувате во просториите, а и во целиот дом…
  • Исполнете ги овие подрачја со симболи на богатство. Парички, среќен бамбус или било кој друг предмет кој симболизира богатство. Може да бидат и лични предмети, како слика од Вашата омилена луксузна куќа, моделот на јахта или автомобилот кој го посакувате…
  • Финансиското подрачје во домот исполнете го со зелено и виолетово. Зелената боја симболизира виталност и раст, а виолетовата е бојата на богатството.
  • Обрнете внимание како се однесувате спрема парите секојдневно. Ги чувате ли неуредно по џебовите??? Од паричникот извадете се што е непотребно,а  спрема паричникот однесувајте се како кон нешто вредно.

Фенг шуи

  • Ако одбивате да се занимавате со пари и тие ќе се одбиваат од Вас. Поради тоа, плаќајте на време, внимавајте на трошоците…
  • Живејте дарежливо. Парите формираат посебна енергија и треба да постојат во Вашиот живот, значи мора да давате за да добивате. Ако немате пари кои би можеле да ги споделите со други, давајте љубезност, време, енергија, вештина или почит.
  • Бидете благодарни на она што го имате. Што повеќе ги цените нештата кои ги имате, независно колку мали и да се, тоа ќе привлекува нови нешта во Вашиот живот.
Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »