Еве како драстично да ги намалите трошоците за гориво (фото) - Македонија Денес

Еве како драстично да ги намалите трошоците за гориво (фото)

Опомена!!!

Редовна употреба на автомобилот резултира и со поголема потрошувачка на горивото, а со самото тоа и намалување на домашниот буџет.

Исто така постои директна врска помеѓу километражата која ја поминувате  и зачестеноста на сервисот на автомобилот. Затоа ние ви откриваме неколку трикови кои ќе ви помогнат не само да ги намалите финансиските  средства кои ги давате за горивото, туку и да заштедите и пари кои ги давате на мајсторите и сервисот на автомобилот.

Не ја притискајте папучата за гас до металот

гориво

Често на патиштата гледаме возачи кои сакаат нагло да забрзаат. Меѓутоа, на часови по возење учевме дека кочењето и забрзувањето треба да биде постепено, затоа што на тој начин ќе ја намалиме потрошувачката на горивото. Кога нагло ќе забрзате, автомобилот ја зголемува потрошувачката на енергијата што прави и зголемување на потрошувачката на горивото.

Користете темпомат на автопат

гориво

Вашето возило ќе троши многу помалку гориво доколку ги следите ограничувањата на брзината и го користите темпоматот на патиштата на кои постои константно ограничување на брзината.

Навреме правете сервис на автомобилот

гориво

Сменете го филтерот за масло на секој 7000 километри. Не заборавајте да ги замените и свеќичките и филтерот за воздух, за да избегнете дополнителни трошоци, сторете го тоа на време. Во спротивно, може да дојде до дефект на моторот, а таквата поправка е доста скапа.

Исклучете ја климата

гориво

Во овој случај морате сами да одлучите:дали ви е поважен комфорот или економично трошење на горивото? Со вклучена клима, потрошувачката на горивото се зголемува во просек за 15%.  Другите електронски уреди не „јадат“ толку гориво. Затоа, ако ја исклучите ллимата, ќе заштедите отприлика 3 литри гориво на 150 километри.

Направете ја рутата логистички ефикасна

гориво

Доколку ефикасно го испланирате патот, ќе заштедите на трошоците за гориво, особено во текот на зимските месеци. Ладен мотор троши повеќе гориво во првите неколку километри, па обидете се да ги комбинирате сите дневни рути во едно големо патување, за да не морате повеќе пати дневно да го загревате моторот.

Не возете додека врне дожд

гориво

Кога врне дожд, постои поголем ризик од несреќи. Освен тоа, се зголемува и потрошувачката на горивото. Во сувите денови, возилото троши доста енергија кога забрзуваме за да справи  со отпорот на ветерот. Во дождливи денови, отпорноста на водата на патот е уште поголема.

Контролирајте го притисокот во гумите

гориво

Како прво, правилно напумпани гуми обезбедуваат оптимално кочење. Како второ, доколку гумите се напумпани за помалку од 0,1 бар тоа може да ја зголеми потрошувачката на горивото за 2-3%. Затоа е важно да се следи нивото на притисокот во гумите и да се држи во склад со препорачано ниво, особено за време на студено време.

Отстранете го непотребниот товар

гориво

Некои возачи сакаат да носат се во автомобилот, без оглед на тоа дали им е потребно или не. Подобро е да го ослободите багажникот и да носите само потребни работи,, како што се резервна гума, дигалка и клучеви за одвртување.

Image source: brightside.me

Важно е да се знае: Прозорот на автомобилот може да се скрши само со еден прст во случај на опасност (видео)

 

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »