Еликсир на младоста: Спанаќот го забавува стареењето на кожата и е одличен во борбата против брчките! - Македонија Денес

Еликсир на младоста: Спанаќот го забавува стареењето на кожата и е одличен во борбата против брчките!

Опомена!!!

Спанаќот е богат со бројни хранливи материи како што се фолна киселина, витамин К и А, и голем број на различни фитохемикалии. Малите млади листови кои ги нарекуваме “бејби спанаќ” може да се јадат и свежи.

Спанаќот е богат со состојки кои го забавуваат стареењето на кожата, и е вистински “еликсир на убавината”, поради што многу се препорачува на дамите кои ги поминале триесеттите години.

Оваа омилена пролетна храна содржи лутеин, бета-каротин, витамин Ц и алфа-линоленска киселина, која е поврзана со другите состојки, го подобрува нивното дејство, а кожата ја прави затегната и исклучително мека и мазна.

Редовното конзумирање на спанаќ ја поттикнува елиминацијата на токсините на клеточно ниво, поради што ја прави кожата убава и сјајна.

Спанаќот благотворно влијае и на квалитетот на косата, затоа што железото ја снабдува косата со кислород, а недоволна количина на железо ќе ги изгладне фоликулте.

За да успеете да ја подобрите апсорпцијата на овој минерал, спанаќот зачинете го со лимонов сок.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »