Елена Велевска- „Горда сум на својот град и што по трет пат настапив на Пиво Фест“ - Македонија Денес

Елена Велевска- „Горда сум на својот град и што по трет пат настапив на Пиво Фест“

Опомена!!!

Завршија четирите фестивалски денови на 15-тото издание на Пиво Фест.  Се пиеше пиво, се играше и се слушаше добра музика во Прилеп. Во саботата, концерт имаше и Елена Велевска, која по трет запеа на овој фестивал во својот роден град.

Хрватите ја имаат Северина, Србите ја имаат Карлеуша, а ние ја имаме Елена Велевска. Пејачката, згодна како и секогаш го привлече вниманието на посетителите и запеа дел староградски и авторски песни, но вели дека пред настапот се соочила со голем проблем. Како вистински професионалец, тоа не ја спречи да направи одлична забава на Пиво Фест.

Фото: Фејсбук

Во изјава за Македонија Денес, Елена раскажа за нејзините импресии од пивскиот фестивал:

„Горда сум на својот град, уште погорда што по трет бев на сцената на Пиво Фест. Овојпат бев најсигурна во себе и со доза трема, бидејќи во саботата имаше најмасовна посетеност и не беше сеедно да се пее пред толкава маса на луѓе. Најважна ми беше поддршката и реакцијата на публиката, а со тоа успеавме уште еднаш да докажеме дека заедно сме посилини. Македонија има на што да е горда, само искрено ни недостасуваат професионалци во работата. Беше предвидено на овој настан да пеам во живо, со група Алегро, но момците ми откажаа три дена пред фестивалот. Бев принудена сама да организрам се во рекордно време. Ако сакаме успех, треба да бидеме поодговорни во тоа што го ветуваме, а не само да критикуваме зошто земаме ѕвезди од страна на настаните. Ова е уште еден медал за мене, едно големо достигнување и ќе оставам делата да зборуваат и понатаму за мене“.

Фото: Facebook

Фото: Facebook

Фото: Facebook

 

 

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »