Ексклузивно - Марко Јариќ повторно ја смува Адријана Лима! - Македонија Денес

Ексклузивно – Марко Јариќ повторно ја смува Адријана Лима!

Опомена!!!

Американските медиуми ги фати Марко и Адријана повторно заедно!

јариќ

Се тврди дека поранешните сопружници повторно се во љубовна врска и во Мајами ги поминаа божиќните и новогодишните празници.

Српскиот кошаркар Марко Јариќ и неговата поранешна сопруга, бразилскиот топ модел Адриана Лима се повторно заедно!

Тие одлучија да и дадат на љубовта уште една шанса, иако тие се разведоа пред три години, а за нивното помирување придонесе сестрата на Марко, Тамара со кого е блиска.

Јариќ на крајот на декември отиде во Мајами да ги види своите ќерки Сиера и Валентина за новогодишните празници, и средбата со Лима беше неизбежна.

Јариќ и Лима новогодишните празници ги поминаа претежно дома во семејна атмосфера, строго земајќи ја во предвид, веста за нивното помирување да не излезе во јавност.

Марко и Адријана се венчаа во 2009 година. Првиот раскол се случи кон крајот на 2013 година, а потоа во мај следната година објавија развод.

По завршувањето на бракот Лима имаше две кратки врски, со боксерот Џо Томас и фудбалерот Џулијан Еделман, додека Јариќ беше во шема со Душица Савиќ, која е родена во Смедерево.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »