Едноставен метод - со конец до рамен стомак (видео) - Македонија Денес

Едноставен метод – со конец до рамен стомак (видео)

Опомена!!!

 Физиотерапевтите пронајдоа нов начин кој може да помогне вашиот стомак да стане рамен и затегнат.

Звучи малку необично, но според нив, доволно е само еден обичен конец или врвка кој ќе го врзите околу струкот, за да ви помогне вашиот стомак да стане затегнат и рамен. Како што тврдат експертите, конецот постојано не потсетува да ги затегнуваме мускулите на стомакот. Британскиот физиотепевт Семи Марго тврди дека конецот врзан на струкот, постојано го опоменува човекот за неопходноста од затегнувањето на стомачните мускули.

конец

Еве, што треба да направите:

-Земете конец или врвка, врзете го на струкот околу стомачните мускули. Фиксирајте го на половина вдишување, така, да можете да го почувствувате при издишувањето.

Притисокот на конецот постојано ќе ве потсетува дека треба да ги затегнувате стомачните мускули. Правете го тоа во текот на целиот ден: додека шетате, стоите, седете, додека сте на работа или дома. Обидете се да не го вадите конецот, односно издржете колку што можете подолго. Тој ќе ви обезбеди рамен стомак и ќе го подобри држењето на вашето тело – вели Семи.

Овие вежби се прават речиси деноноќно, што е многупати поефикасно од вежбањето трипати седмично. Семи тврди дека неговиот едноставен метод им помага на луѓето во остварувањето на посакуваните резултати со помала психолошка и физички трошоци.

Внатрешните стомачни мускули, веројатно се единствените во човековото тело кои не се тренираат со динамички оптеретувања. Само статика. Постојаното врзување на стомачните мускули (вовлекување на стомакот) е вежба која доведува до рамен стомак.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »