Дронови – Инсекти, новото технолошко достигнување(видео) - Македонија Денес

Дронови – Инсекти, новото технолошко достигнување(видео)

Опомена!!!

Иако до вчера идејата дека инсектите кои не опкружуваат ќе може да се првите живи суштества на кои ќе се изведе своевидна парцијална или целосна роботизација беше само обичен сон за далечна иднина, денес веќе може да го претставиме успешниот истражувачки обид од новото технолошко достигнување на “производство” на дронови – инсекти кои во основа се симиоза на роботика и жив огранизам кој со своето делување сам го напојува програмот кој го носи со себе.

Опомена!!!
“Луѓето сметаа дека дроновите – инсекти и нивната роботизација нема да се случи во нашиот животен век. Но ние како научници имавме и идеја и план како тоа да го реализираме. Извршивме илјадници и илјадници експерименти и проби додека не го поставивме првиот дрон или робот на инсект со што добивме микс на жив инсект со вештачка интелигенција но и надградба која согласно големината овозможува по една до две нови карактеристики.”


Борците за забрана на експерименти со животни останаа вчудоневидени. Со овој потфат се испочитуваа нивните барања. Овој пат “експериментални глувчиња” се вилинското коњче или лебарката. Во основа се работи на поврзување на мозокот на инсектот со роботизираниот сегмент кој се поставува на телото на инсектот. Согласно анатомијата се адаптира и “примената” на инсектот.

Вилинското коњче има широк опсег на крилјата. Во неговиот случај се подобрија карактеристиките на летање и маневрирање со летот и се воведе камера која го евидентира истиот. Кај лебарките се искоистија нивните можности за провлекување низ недостапни места, па им се подобри функционалноста на нозете и им се постави камера.

“Во основа од овие инсекти ние добивме нешто ново и можам да кажам нешто што ќе биде од голема помош. Имавме најразлични обиди за роботи кои би делувале во тешко пристапни места, при елементарни – природни незгоди но и воени дејствија, но роботиката беше скапа а и самиот проект беше голем со што и загубите беа огромни. Сега имаме вилинско коњче кое има идеални крилја кои благодарение на роботиката може да ги контролираме целосно во нивниот лет и истиот да го координираме. Така имаме визуелен воздушен преглед на места до кои реално човек не може да пристигне веднаш а со користењето на овој вид дрон – инсект ќе ја имаме првичната информација за состојбата на терен веднаш и во реално време.

Со лебарките имавме друга мисија. Ние произведувавме милион верзии на роботи кои можеа да детектираат преживеани од земјотрес под урнатините на пример, но секогаш нешто беше пречка. Лебарките се моќни инсекти и скоро и да нема простор во кој не може да влезат. За таа цел кај овој инсект ја подобривме моториката на предниот и задниот пар нозе, исто како подобрување на перформансите на теренско возило. Со ова ние имаме микроскопски “тенк” кој може да се вовлече во идеално ситни пукнатини и да детектира со својата термичка камера преживеани.”


Секако остатокот од академската јавност е поделена од оваа кохезија на вештачка интелигенција со живи организми.

Реалноста е дека далечното утре е веќе денешница но дали и кој ќе ја постави границата до каде може да се експериментира на овој микс на вештачка интелигенција, роботика, моторика и живи огранизми?!

Опомена!!!

Поврзани вести

Опомена!!!
Translate »