Доцната бременост го продолжува животот: Длабока старост за жените кои ќе решат покасно да станат мајки - Македонија Денес

Доцната бременост го продолжува животот: Длабока старост за жените кои ќе решат покасно да станат мајки

Опомена!!!

На медицинскиот факултет во Бостон спроведена е студија чии резултати носат добри вести за жените кои планираат бременост по 30 година од животот – жените кои можат по природен пат да останат бремени по 33 година имаат поголема шанса да доживеат длабока старост.

-Ова не значи дека жените треба да раѓаат подоцна за да си го продолжат животниот век, туку станува збор за тоа дека можност за зачнување во подоцнежни години упатува на тоа дека репродуктивниот систем старее полека што може да се поврзе и со остатокот од нејзиното тело – изјавил Томас Перлс, професор по медицина и коавторот на студија кој напомнува дека биолошките часовници кај некои жени едноставно работат забавено.

trudnoca-2

Проучувајќи ги податоците на една студија, Перлс и неговите колеги заклучиле дека 462 жени кои последен пат родиле по 33 година имаат два пати поголема шанса да доживеат 95 години во споредба со оние кои последното дете го родиле до 29 година.

Се сомневаат дека одредено влијание имаат и генетските предиспозиции кои можат да го забават стареењето  и да го намалат ризикот за болестите кои најчесто ги погодуваат постарите луѓе.

Се е секако работа на генетиката. Имено, ако родите здраво дете покасно во животот сосема е веројатно дека и вашата ќерка ќе може истото да го стори.

Како да го откриете полот на бебето во рана бременост? (фото)

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »