Докажано: Слушнете ја песната која го намалува стресот како ниту една друга - Македонија Денес

Докажано: Слушнете ја песната која го намалува стресот како ниту една друга

Опомена!!!

Експертите советуваат доколку имате лош ден и сакате  да го намалите стресот, напнатоста, депресијата  се што треба да сторите е слушате музика која ќе ве релаксира и расположи.

Имено, фирмата за неуромаркетинг Mindlab International составила листа од 10 песни со помош на кои стресот, напнатоста и депресијата ќе исчезнат, а чувството на релаксираност, задоволство и среќа ќе ве исполни.

Учесниците во ова истражување требале да решат доста тешки сложувалки додека слушаат музика. Користејќи ги податоците забележани во сензор, научниците мереле промена во ритамот на срцето, крвниот притисок и дишењето на испитаниците. Една песна посебно се истакнала по своето релаксирачко влијание,  “Weightless”  на музичкото трио Marconi Union.Имено, токму оваа песна го намалила чувството на стрес за дури 65 отсто.

“Weightless”  делувала толку релаксирачко што некои од испитаниците почувствувале дека ќе заспијат додека ја слушаат, а токму поради ова научниците препорачуваат оваа песна да не се слуша за време на возење.

Врз основ на резултатите од студијата, научниците составиле топ листа од 10 најрелаксирачки песни:

  1. “Weightless” Marconi Union
    2. “Electra” Airstream
    3. “Mellomaniac (Chill Out Mix)” DJ Shah
    4.” Watermark” Enya
    5. “Strawberry Swing” Coldplay
    6. “Please Don’t Go” Barcelona
    7. “Pure Shores” All Saints
    8. “Someone Like You” Adele
    9. “Canzonetta Sull’aria” Mozart
    10. “We Can Fly” Rue du Soleil

Се чувствувате под голем стрес и никако не може да се опуштите?

Можеби ќе ви помогне верзијата на песната “Weightless”  која трае речиси десет часа.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »