Дизни обвинет за кражба: Поради една од најславните реплики од анимиран филм ќе мора да оди на суд (видео) - Македонија Денес

Дизни обвинет за кражба: Поради една од најславните реплики од анимиран филм ќе мора да оди на суд (видео)

Опомена!!!

Повеќе од 50 000 луѓе потпишале петиција во која Дизни се обвинува за „колонијализам и кражба“, откако таа компанија со патент ја заштитила свахили фразата „хакуна матата“, пишува британски Гардијан.

Тој израз на свахили значи „нема проблеми“. Свахили е официјалниот јазик во Кенија, Танзанија, Уганда и ДР Конго, а се користи и ширум источна Африка.

Петицијата со која Дизни се повикува да се откаже од патентот била потпишувана пред излегувањето на новата верзија на филмот „Кралот Лав“(Lion King) следното лето, во кој гласовите ги даваат Бијонсе, Доналд Гловер и други.

Изразот најпрво го популаризирал бендот од Кенија „Them Mushrooms“ кој во 1982 година во синглот кој досегнал платинест статус ја користи фразата „хакуна матата“. Тој потоа се нашол во „Кралот Лав“ од 1994 година. песната „Хакуна Матата“ во тој филм ја напишале Елтон Џон и Тим Рајс.

Дизни во 2003 година во САД го добил правото на патент, заштитувајќи ја така употребата на фразата на обувки и облека.

Иницијаторот на петицијата, Шелтон Мпала ја обвини компанијата за културна апропријација, додека професорот Кимани Нјогу, претседателот на групата за напредок на културни и јазични права во Кенија навел дека патентот е неетичен.

-Не може да се дозволи Дизни да патентира нешто што не го измислил“, навел Мпала.

Нјогу вели дека „хакуна матата“ е повеќе од фраза и дека „Дем машрумс“ од тоа направиле „животен стил – забава, одмор, среќа“.

Дизни не коментирал.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »