Џенифер Лопез и Џеј Зи ќе пејат за жртвите од ураганите во САД! - Македонија Денес

Џенифер Лопез и Џеј Зи ќе пејат за жртвите од ураганите во САД!

Опомена!!!

Пејачката Џенифер Лопез и раперот Џеј Зи ќе настапат на хуманитарниот концерт во Њујорк, посветен на жртвите на ураганите кои ги погодија САД и Карипските острови.

Стриминг сервисот „Тидал“, во сопственост нс Џеј Зи, соопшти дека концертот ќе биде одржан на 17 октомври во арената Барклејз во Бруклин. Меѓу учесниците ќе бидат и Деди Јанки, Крис Браун, Иги Азалеа и ДЈ Калед.

За потсетување, Џенифер Лопез, чии родители се Порториканци, а родена е во Њујорк, пред неколку дена донираше милион долари за опоравување на Порторико од ураганот. Американкста пејачка Бијонсе пак, сопруга на Џеј Зи, вети помош за нејзиниот роден град Хјустон, кој исто така беше погоден од олујата Харви.

 

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »