Десет работи што треба да ги знаете за Мартин Гарикс пред да одите на „Скопје Колинг" - Македонија Денес

Десет работи што треба да ги знаете за Мартин Гарикс пред да одите на „Скопје Колинг”

Опомена!!!
Светскиот диџеј број 1, оваа година ќе биде главна ѕвезда на второто издание на „Скопје Колинг“.  Фестивалот ќе се одржи на 23-ти јуни на стадионот на АРМ, а покрај Мартин Гарикс ќе настапат и други познати светски диџеи.

Освен што е најдобриот диџеј во моментов, Мартин е и глобален феномен. За кратко време успеа својот талент да го искористи за да се искачи највисоко на сите топ листи, но и да соработува со големи музички имиња.

Иако до јуни има уште многу време, сепак ова се факти кои секој фан на Мартин Гарикс треба да ги знае:

  1. Причината поради која започнал да создава своја музика е Тиесто. Откога ја слушнал песната „Трафик“ на Олимписките игри во Атина 2004 година , Гарикс решил дека и тој еден ден сака да биде како Тиесто. Денеска тие се добри пријатели. Сонот на Мартин се исполни.    
  2. Има само 21 година и се уште живее со своите родители во Холандија иако е еден од најплатените светски диџеи.

3. Вели дека не мора да вежба и дека формата ја одржува со пуштање музика и настапи, но негова голема пасија е и планинарењето. Гарикс го има искачено дури и највисокиот врв на планинскиот масив Килиманџаро.4. Никогаш во животот нема запалено цигара и е голем противник на пушењето. На своето тело нема ниту една тетоважа, а омилен автомобил му е неговото бело Ферари.

5. Во последно време најчесто може да се види во друштво на Џастин Бибер и Ед Ширан. Освен што му се соработници, двајцата пејачи се и добри другари со Мартин.

6.Од 2012 година е во врска со Лиен Спур.  Многумина велат дека Гарикс е вистински материјал за дечко, бидејќи популарноста не му удри во глава и се уште е заљубен во својата девојка од тинејџерските денови.

7. Тој е најмладиот артистит кој потпишал со „Спинин рекордс“ на само 14 години.

8.За првпат настапил во клуб на 13 години, а псевдонимот под кој започнал да пушта музика му бил Дј Марти.

9.Негов прв популарен сингл беше ремиксот на „Твоето тело“ на Кристина Агилера. На славната пејачка многу и се допаднала оваа верзија на песната, па решила да ја стави на својот делукс албум „Лотус“.

10. Има снимено дует со дури две пејачки со македонско потекло- Алесиа Стамос и Биби Рекса

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »