Деенешниот ден носи многу убави спомени- 6 години откако македонските кошаркари направија историски пласман во полуфинале на ЕП! (видео) - Македонија Денес

Деенешниот ден носи многу убави спомени- 6 години откако македонските кошаркари направија историски пласман во полуфинале на ЕП! (видео)

Опомена!!!

Овие денови се одржува Европското првенство во Турција, за жал Македонија не учествува, но затоа денешениот ден носи многу убави спомени.

Пред точно шест години, на ЕП во Литванија, кога никој не очекуваше, а нашата репрезентација беше аутсајдер, се случи чудо. Македонија испиша историја и се пласираше помеѓу 4-те најдобри во Европа.

Во натпреварот за полуфинале на нашата репрезентација и се падна домаќинот Литванија, а кошаркарите играа во преполната „Жалгирис арена“ во Каунас. Обложувалниците не и даваа големи шанси на Македонија, а Литванија беше апсолутен фаворит. Сепак колективната игра и пожртвуваноста на нашиот тим беа клучни за огромниот успех.

Херој на натпреварот беше Владо Илиевски кој со фантастична тројка на 10 секунди пред крајот го најави триумфот и историскотот славје за нашата кошарка. Македонија се пласираше во полуфиналето, а Илиевски во неверување го изјави легендарното „Леле, леле што направивме“.

За жал, во полуфиналето Македонија загуби од Шпанија, а во дуелот за бронзата, од Русија, но сепак овој огромен успех засекогаш ќе остане запишан во историјата на македонската кошарка. Едно е сигурно, видеата од тој период ќе се гледаат уште долго, а при тоа ќе предизвикуваат радост и ќе будат емоции кај секој Македонец.

 

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »