Дали сакате да живеете вечно?Оваа технологија ќе им ја донесе бесмртноста на луѓето (видео) - Македонија Денес

Дали сакате да живеете вечно?Оваа технологија ќе им ја донесе бесмртноста на луѓето (видео)

Опомена!!!

Конечната препрека која човештвото треба да ја совлада во својот развој е – смртта.

Уште сега се појавуваат технологии кои може да ни навестат некое далеко, но возбудливо време на бесмртноста, а една од нив е и крионика.
Крионика е техника на замрзнување на телото или само главата на покојникот на доста ниски температури (околу -200 °C) со надеж дека одмрзнувањето и оживувањето ќе бидат возможни во иднина, благодарение на напредокот на медицината.

Веќе постои професија поврзана за оваа технологија – крионички техничар. Луѓето кои се занимаваат со оваа професија на иднината мораат да имаат медицинско знаење, способност да работат под притисок и да имаат „желудник“ за мртви тела.


Како изгледа тој процес?

Штом пациентите ќе забележат дека часовникот почнува да отчукува – процедурата мора да започне што порано.Срцето повеќе не пумпа крв, а мозокот не добива кислород, што значи дека за некоку минути ќе ја изгубат способноста да креира нови сеќавања, а потоа клетките ќе почнат да умираат.

Тоа значи дека техничарот мора, штом ќе почине пациентот, да го потопи неговото тело во ледена купка за да се излади и така да го забави процесот на дегенрација.

Откако крвта ќе се „исцица“ од телото ја заменуваат со крионопротекатнски агенси, кои се слични на антифриз, за да се сопре формирање на кристали на мраз во крвните садови. Телото потоа се става во посебен „магацин“, за да се сочува ткивото и органите.

Крионика постои од седумдесеттите години на ХХ век, но само Рсија и САД имаат крионички магацини.
Во Мичиген, Крионички институт има 2000 пријавени пациенти, од што веќе 165 се „замрзнати“.

Денис Ковалски, претседателот на институтот, работи и како медицински брат.

-Обуката на медицинските помошни работници одговара и за работа на крионички техничар, но потребна ви и е дозвола од погребните работници, како и хируршки вештини“, вели тој.

Ковалски мисли дека побарувачката по оваа професија ќе биде уште поголема.

-Вештачката интелигенција, генетската модификација, матичните клетки – сите овие области го прават истото што и ние, им даваат повеќе можности на луѓето“, вели тој.

Доктор Андрес Снадберг професор на Оксфрод универзитетот, е еден од луѓето кои се определиле да нивното тело употреби во потребите на оваа тенологија по смртта, иако шансите за успех се само 3%.

-Иако сега крионика делува студено и безлично поради тоа што се потпира на нешто несигурно и неразвиено, мислам дека ќе се развие“, вели тој.

За разлика од крионика, кја подразбира техника на замрзнување на телото по смртта, криогеника подразбира замрзнување на материи на температура од -150 Целзиусови степени и повеќе. Криогеника има широка употреба во современиот свет. Се користи за замрзнување на ембрионите, сперма, јајце клетки, кожата и ткивото за да се сочува за идна употреба.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »