Copenhagen Wheel - Паметно тркало кое го претвора секој велосипед во електричен (видео) - Македонија Денес

Copenhagen Wheel – Паметно тркало кое го претвора секој велосипед во електричен (видео)

Опомена!!!

Copenhagen Wheel е паметно тркало кое речиси секој велосипед може да го претвори во електричен.

Љубителите на велосипедизмот би можеле сериозно да размислат за вложување во овој додаток и своето омилено возило да го претворат во електрично.

Copenhagen Wheel односно Копенхаген тркало може да го претвори секој велосипед во паметен електричен велосипед, а наменет им е на сите кои често користат велосипед за полесно функционирање низ градскиот метеж или им треба дополнителна помош во совладување на нагорнините на подалечните тури.

Опомена!!!
Сензорите, батеријата и електричниот мотор на Copenhagen Wheel работат заедно за да на велосипедистот во вистинскиот момент му дадат дополнителна сила и брзина. И тоа е речиси незабележливо, ако им се верува на стартапот Superpedestrian кој го развил овој интересен уред.

Copenhagen Wheel

Copenhagen Wheel доаѓа и во комбинација со апликација за паметните телефони која служи и како дигитален клуч со кој се отклучува односно се вклучува електричниот погон. Паметниот телефон се користи и како детектор на било какви неправилности во работат на електричниот мотор за да велосипедистот секога биде сигурен дека се работи исправно.

Самото тркало тежи 7,6 килограми и може да се монтира на речиси секој велосипед. Со мотор со сила од 250 W, се постигнува максимална брзина од 25 километри на час, а има домет до 50 километри. Во Superpedestrian истакнуваат дека нивната батерија може да издржи до 1000 циклуси полнење, а полни се како за време на кочење, така и  со приклучување на класичен штекер. За само два часа батеријата наполнета до 80 отсто, додека за потполно да се наполни потребно е батеријата да се полн околу 4 часа.

Copenhagen Wheel

Copenhagen Wheel е можно да нарача и во Европа и тоа по цена од 1499 долари додека целиот велосипед е по цена од 1999 долари, за сега, не е достапен надвор од Северна Америка.

фото:google


(dnevnik.hr)

Aerovelo Eta: Најбрзиот велосипед на светот (видео)

Опомена!!!

Поврзани вести

Опомена!!!
Translate »