Човек со две ампутирани раце со мисла ги контролира движењата на протезите(видео) - Македонија Денес

Човек со две ампутирани раце со мисла ги контролира движењата на протезите(видео)

Опомена!!!

Истражувачите во лабораторијата за применета физика, “Џонс Хопкинс”, успешно ја тестираа двојната протетика која се поставува на субјектот, овозможувајќи му да изврши сложени задачи со истовремено користење на двете раце.

Тестовите покажуваат дека системот брзо се учи, и дека може за еден ден, драстично да го промени животот на лицата кои имаат ампутирани горни екстремитети до ниво на рамето.

“За повеќето од нас, едноставните работи и задачи, како пиење шолја кафе или користење на машина за перење облека, не претставуваат никаков проблем. Но за луѓе како Лесли Бау, кој ги изгубил двете раце во несреќа предизвикана од електричен удар, пред околу 40 години, едноставно се невозможни. Истражувањето и развојот на напредната протетика задно со роботиката, има за цел да го промени ова, и има потенцијал вистински да ги трансформира животите на луѓето, кои својот статус го ценат на ниво на тешки инвалидитети.”

Научниците го користеа познатиот третман за таргетирана мускулатура, преку дизајн кој ги прераспределува нервите, кои некогаш ја контролирале ампутираната нога. Следејќи го третманот, тимот користи софтвер, за препознавање на модели на движење, за да ги изолираат индивидуалните мускули, кои е потребно да се искористат, проучувајќи ја комуникацијата меѓу нив, како и фрекфенцијата и амплитудата на нервните импулси. Таа информација, потоа се обработува и со компјутерски команди реагира со специфичните побарани движења на протезите.

За да му се овозможи на Бау да ги контролира протезите кои ги заменуваат неговите раце, за горната половина од неговото торзо е создаден соодветен сопствен приклучок, дизајниран за двојна намена, за поддршка на вештачките екстремитети, и тоа им овозможува на невролошките врски да комуницираат со раздвоените нерви. Иако прво се произведе компјутерска верзија на приклучокот, потребно беше прецизно тој да се постави на торзото на Бау.

Откако се постави, тимот мораше прво да одработи серија обуки на клиентот, како да ги користи протезите преку [VIE] системот – Виртуелна интегрирана средина – верзија на виртуелната реалност на модуларните протетски екстремитети.

Штом протезите беа вградени во приклучокот, тој можел да врши и сложени задачи како поместување на шолја меѓу полици на различна висина, користејќи се со дури осум одделни движења за да ја постигне целта. Она што е фасцинантно, е што тој може независно да ракува со двете протези, на кои им задава различни задачи.

С.Н

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »