Четврта индустриска револуција и новите технологии - Македонија Денес

Четврта индустриска револуција и новите технологии

Опомена!!!

Истражувањата од светот на новите технолошки достигнувања веќе го означија почетокот на четвртата индустриска револуција. И тоа е терминологија која за општата јавност и не е толку разбирлива. Што всушност е четврта индустриска револуција?

Дефиниција за четвртата индустриска револуција се уште нема, но кога ќе се споредат претходните три се опоимува како почеток на една сосема нова ера на софистициран технолошки пристап кон производството генерално. Ќе се базира на претходно неискористени методи на работа.

Имено, првата индустриска револуција е забележана во 1784 година со производството т.е. иновацијата на првиот механички разбој. Тоа е крајот на XVIII век и како основни елементи кои се параметри врз кои се базира оваа индустриска револуција, за разлика од се претходно се сметаат механизацијата, користењето на пареата и водата како извор на енергија.

Овие параметри довеле до брилијантни откритија со кои се постигнал огромен технолошки развој особено во полето на призводствената индустрија но и иновациите. Најмногу препознатлива по локомотивите кои како погон за движење го имаат котелот со пареа кој ги движи.


Официјално во светот на техничко технолошките достигнувања првата индустриска револуција е заведена под името “години на индустријализација”. Има примена во железничката индустрија која е прв превоз каде не се користи животинска моќ, туку машините сами се движат од енергијата која ја приизведува погонот кој работи на пареа. Истата е “виновна” за годините кога особено текстилната, но и другите видови индустрија ја доживуваат својата целосна преобразба со што работната рака веќе не е единствениот сегмент при производството кое токму поради иновацијата се зголемува безброј пати. Самото тоа по себе носи побрзо производство, поевтин производ и секако отвора можности за новите индустриски иновации кои треба да следат.

Втората индустрика револуција започнува набрзо. Како нејзин почеток се смета 1870 година.

Иако разликата е нешто помалку од 100 години, сепак сразмерно со тоа што до 1784 и немавме индустриски развој и иновации и се беше телемено на човековата физичка работа, тогаш тоа е релативно краток рок. Истата за прв пат е применета во производството на производствените линии во кланиците. Како ера е лоцирана на самиот почеток на XIX  до XXвек. Додека компоненти кои ја означуваат како засебна и посебна за сметка на механизацијата е воведувањето на електричната енергија како средство за огромни можности во иновациите. Секако и првата и втората индустриска револуција имаат генерални намени. Едната е секогаш во индустријата, каде физичката работна рака се заменува со полесен пристап кон призводството во целина на било кој сегмент со што се олеснува начинот како до краен призвод.

Карактеристики кои ја означуваат втората индустриска раволуција се масовното или сериското производство и користењето на електричната енергија како побезбеден начин за сметка на водената пареа и погоните кои работат врз тој принцип. Времето на втората индустриска револуција во историјата се нарекува и “години на механизација”.

Првата е зачетник на годините на ренесанса во рударството, превозот, погонот на пареа, новиот подобрен начин на призводство. Исто и во  индустријата за произвоство на челик, текстилната индустрија, металургијата, машинските апарати и фабрики, кои целосно работат зависни од енергијата која се произведува со пареа.

Вториот зачетник се одразува намногу на технолошкиот равој, електрификацијата, производствената линија, масовното производство, глобализацијата во трговијата, откривањето на турбините и моторите. Покрај нив тука е и воведувањето на системи на водоснабдување, снабдување со гас и електрична енергија како и почеток на телекомуникациските иновации.

Третата индустриска револуција почнува на самиот почеток на 70’тите години, поточно во 1969 година со првиот програмски контролиран сегмент во индустријата кој работи самостојно во скоро 100% од неговата функција. Пионер кој ја одбележал оваа епоха е работната “рака” именувана и како PLC Modicon 084.

Оваа индустриска револуција ја одбележуваат неколку карактеристики. Користењето на електрониката, развојот на полуроботиката но и информатичките технолошки достигнувања во развојот на понатамошна автоматизација и независност во индустријата.

Овие години се нарекуваат и златните години на информатичката технологија, електрониката и автоматизацијата на индустриските погони. А конкретно се рефлектира кон развојот на компјутеризацијата и интернетот, дигиталното контролирано производство, информатичката технологија но и целосната дигитализација, автоматизација, развојот на истражувањата и патентите од сферата на електрониката, дигиталните мрежни системи како и целосно дигиталните машини.

Ова време е познато и како “години на автоматизацијата или години на информатичкото општество”.

Моментално сме во четвртата индустриска револуција која започна пред неполна декада. Нема почеток како официјален старт, но е именувана како епоха на нова индустриска револуција која целосно ќе е базирана врз сајбер – физичките системи за работа како основа со сопствена психа.

Ова време се нарекува и “ера на интелигентните машини и уреди”. Што означува поврзување на цели индустриски капацитети само преку интернет со кој безжично ќе се раководи преку програми за работа со што се очекува дури и без присуство на човек во производствениот процес да се добиваат готови производи се со цел да се подобри квалитетот на живеење но и да се усоврши до перфекција стандардизацијата на производот ако таков, без разлика на кој дел од земјината топка тој е купен.

Тоа самото по себе подразбира несогледливи можности за развој на IT технологијата, оперативните системи кои сами ќе се надоградуваат и подобруваат, целосна роботизација во индустријата од онаа техничко технолошката па се до медицинската.

Складирање на огромен број податоци, а со тоа и редовна аналитичка проверка и споредба на што е направено, што се е потребно тоа нешто да се направи и самостојно подобрување на процесот на изработка, но тоа не е се, се отвораат можности за т.н. паметни фабрики, паметни станбени простори па се до паметни градови каде комплетниот софтверски систем ќе раководи со секојдневните потреби на градот со цел да го олесни и подобри процесот на живеење на луѓето. Но ова е и ера во која се очекува да се развие и вештачката интелигенција и машините кои сами ќе учат од себе.

Четвртата индустриска револуција која ја живееме е ера на сајбер светот и вештачката интелигенција кои целосно ќе го променат аголот на перцепција колку може со мудро користење на техничко технолошките истражувања преку интернет технологијата да создадеме сегменти кои ќе траат вечно затоа што самите ќе се надградуваат и усовршуваат.

Но, тоа останува да го видиме и живееме „in real time“.

Она што треба да се знае е како индустриските револуции самите по себе биле и самоодржливи и кои биле нивните потреби. Тоа се нарекува потреба од одржување. Првата индустриска револуција имала скоро 100% потреба од константно одржување, била сосема зависна од човековото присуство и барала целосна промена на деловите кои ја одржувале во живот за краток временски интервал. Втората индустриска револуција од друга страна од сите четири барала намалку одржување од стана на човекот. Некои скромни 10% до 20%. Бидејќи на пример во поставувањето на електификација единствен сегмент по поставувањето на системот било одржувањето на мрежата и нејзиното зголемување или намалување.

Третата индустриска револуција повторно барала високи 80% до 90% одржување, како секој хардверски дел но и добар дел од софтверскиот барал машинско константно производство на заменски делови кои морале фазно но редовно да се менуваат. Четвртата индустриска револуција во чија ера живееме е тешко да се одреди колку ќе бара одржување но до сега тоа е на задоволителни 40% но не повеќе од 50%. И тоа се однесува парцијално само на поврзување на опремата која потоа ќе бара само повремена промена на делумни хардверски сегменти додека софтверски самата ќе живее свој живот на надоградување.

Се очекува низ годините со развојот на вештачката интелигенција овој процент да се сведи на минимален и незначителен. Имено на почетокот на милениумот ние оваа н.т. четврта индустриска револуција како граѓани ја доживеавме со компјутеризацијата на цело општество преку процес кој сеуште трае но и мрежно поврзување на цивилизацијата. Тоа беше по 2000 година.

Некаде кон 2010 година почнавме да опоимуваме која е моќта на мрежното поврзување,па преку безжичниот интернет ги согледавме можностите да преку паметните телефони и апарати на пример, можеме целосно да владееме со информациите, но и да го контролираме секој сегмент од секојдневниот живот. Од температурата која ја сакаме дома, до јачината на осветлувањето се до делумното производство на паметни домови и возила кои самите проценуваат што е најдобро за нас.

Се очекува следниот преклоп да е во 2020 година за кога се очекува секој сегмент од нашето живеење и сите елементи кои не опкружуваат да бидат меѓусебно поврзани преку интернет и со користење на огромната база складирани податоци да меѓусебно постојано но и независно да комуницираат, разменуваат информации и носат решенија кои сами ќе ги имплементираат во опкружувањето и се тоа за наша поголема комоција и квалитет на живеење.

Автор: С.Н. 

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »