Чаши направени за на плажа(фото) - Македонија Денес

Чаши направени за на плажа(фото)

Опомена!!!

Плажа, море, чаши коктел и уживањето може да почне.

Летото е пред нас!

Кога мислиме на лето прво нешто што ни доаѓа на ум е море и плажа. А за денот да ни помине поубаво, повесело потребен ни е пијалок. Ова лето заменете ги пластичните шишиња со интересни чаши за вино, коктел или сок!

Обичните чаши невозможно е да носите на плажа, бидејќи поради нерамномерните површини не се стабилни и повеќе ќе се грижите да не ви се растури пијалокот отколку да уживате во него. Со “The Beach Glass” нема да мора да размислувате за тоа, бидејќи не постои опасност од превртување.

Изумителите на овие чаши, Jason Klinge и David D’Agostino, до оваа идеја дошле при посета на една плажа кога случајно им се скршила една чаша. Од една плажа и една искршена чаша до идејата ”The Beach Glass”.

‘The Beach Glass’‘се продава во две варијанти и во 11 различни бои, и најдобро од се, е што не се скапи. Чашите можете да ги нарачате на нивниот официјалниот сајт thebeachglass.com.

Исто така, добро е да знаете дека овие чаши може и да пловат! Можете слободно да ги земете со себе во море или базен и да уживате со својот омилен пијалок!

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »