Брегзит: Британските фирми стартуваат резерви планови до Божиќ? - Македонија Денес

Брегзит: Британските фирми стартуваат резерви планови до Божиќ?

Опомена!!!

Повеќето британски компании планираат да ги започнат своите резервни планови до Божиќ, освен ако условите за брегзит не бидат појаснети, предупреди Конфедерацијата на британската индустрија (Confederation of British Industry  -CBI) која е водечка деловна организација во таа земја.

Оваа организација објави дека резервните планови вклучуваат можност за откажување, приспособување на синџирот на снабдување надвор од Велика Британија, складирање на стоки и преместување на производството и услугите во странство.

Како што напомнува АП, ова предупредување е реакција на се поголемиот страв дека Британија во март би можела да излезе од Европската унија без било каква спогодба за идните меѓусебни односи.

Брегзит

Поради тоа би можело да дојде до воведување на царина на британскиот извоз, преместување на граничните контроли и наметнување на ограничувања за патниците и работниците, што е потенцијална токсична комбинација за претпријатијата.

-Сега ситуацијата е итна. Брзина на преговорите е надмината со реалноста која ја доживуваат фирмите во работењето. Доколку спогодбата за Брегзит не биде заклучена до декември, фирмите  ќе ги стартуваат нивните резервни планови. Ќе бидат изгубени работните места и ќе дојде до преместување на синџирите“, кажала генерална директорка  на CBI Керолин Фербеирн.

Брегзит

Преговорите помеѓу Британија и ЕУ дојдоа до ќорсокак во најголем дел поради прашањето како да се одржи отворена граница помеѓу членката на ЕУ Република Исрка и Северна Ирска која е составен дел на Обединетото кралство.

CBI исто така соопшти дека 80 отсто од фирмите тврдат дека Брегзит веќе влијаел негативно на нивните одлуки за инвестициите, што е повеќе од двојно во однос на минатата година.

Истражувањата покажале дека 66 отсто од фирмите наведуваат дека Брегзит влијаел на атрактивноста на Британија како место за инвестиции, а 24 отсто од нив пак тврдат дека Брегзит нема влијание врз тоа, наведува американската агенција.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »