Босанката Дијана е вистинска секс бомба- Папата ја возел на веспа, ја срушила владата на Берлускони, а Мик Џегер и Ал Пачино лудувале по неа! - Македонија Денес

Босанката Дијана е вистинска секс бомба- Папата ја возел на веспа, ја срушила владата на Берлускони, а Мик Џегер и Ал Пачино лудувале по неа!

Опомена!!!

Можеби името Дијана Бечировиќ не им е познато на многумина, но кога ќе ги погледнете нејзините слики ќе ви стане јасно зошто се крева толку прашина околу оваа жена.

Фаталната Дијана станала позната уште кон крајот на седумдесетите години. Босанката од Тузла се сликала гола за магазинот „Старт“ како и за американскиот „Плејбој“. Кариерата ја продолжила како манекенка и водителка. Со Аиртон Сена правела интервју еден ден пред тој да загине на патеката на Формула 1. Работела и за „Версаче“, а и како новинар во популарната италијанска телевизија РАИ.

Освен што е заносна, Дијана е и многу паметна. Има завршено новинарство во Рим, филмска уметност во Лос Анџелес и уште еден факултет. Фатална била за многу мажи- познати ѕвезди и богаташи, но таа останала своја и слободна.

Папата Бенедикт 16 ја возел на веспа низ Рим , Мик Џегер имал бескрајна доверба во неа и му била најдобра пријателка, му одолеала на шармот на Кевин Костнер и на кратко била во врска со  Ал Пачино. Вели дека сите лудувале по „Мајкл Корлеоне“, но не и таа. Не бил воопшто нејзин тип. Првиот пат кога се запознале во една дискотека, Ал и рекол да појде со него, а откога таа го одбила тој збеснал. „Ти си првата жена која ми кажала не“- видно вознемирен и кажал легендарниот глумец.

Била во љубов и со Брега и Здравко Чолиќ, а за тој период вели дека била млада и постојано се заљубувала. Предизвикала и караници во „Бијело Дугме“ бидејќи во неа бил вљубен и Влада Правдиќ, а Горан Бреговиќ буквално ја украл од него. Иако по неа копнееле многу момчиња, сепак првиот бакнеж во животот и бил со Чола.

Федерико Фелини ја терал да стане глумица, Ники Лауда се степал за неа, Род Стујарт постојано и се додворувал. Арнолд Шварценгер отворено флертувал со неа, но ја советувале да не прави ништо со него бидејќи има многу љубоморна жена. Поради една ноќ со Берлускони, италијански медиуми ја обвиниле за падот на италијанската влада, а таа ги тужела.

Денеска Дијана живее во Лос Анџелес и живее мирен живот, со помлад дечко од Блискиот Исток. Има 55 години и се уште изгледа преубаво како во младоста.

Сите овие пикантерии ги има во нејзината автобиографска книга- „Мојата приказна- Дијана“.

 

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »