Бизнис ангели инвеститори - Македонија има две официјални мрежи - Македонија Денес

Бизнис ангели инвеститори – Македонија има две официјални мрежи

Опомена!!!

Најчесто поставувани прашања и одговори за бизнис ангели

Информативен водич – Дел 6

Дали постојат мрежи на бизнис ангели?

Во Македонија постојат две официјални мрежи на бизнис ангели.

Првата официјална мрежа на бизнис ангели е на Европско Македонскиот центар за знаење и иновации (EMKICE) наречена (MBAN-Macedonian Business Angels Network). Македонската мрежа на бизнис ангели – МБАН е поставена уште во 2007 година како приватна иницијатива на Г-дин Вучков, а истата е примена како официјална членка во мај 2009 година во Европската мрежа на бизнис ангели (EBAN). Од страна на неколку домашни и најголениот дел странски инвеститори бизнис ангели за нејзин директор е избран Г-дин Илија Вучков кој е претседател на ЕМКИЦЕ. Од 2009 год центарот ЕМКИЦЕ има организирано неколку позначајни настани, посети и работни состаноци на водечките луѓе на (EBAN) кои биле во Македонија. Една од најзначајните е одпочнувањето на “Европската недела на бизнис ангели” по прв пат се организираше и одпочна од Скопје на 18ти Ноември 2013 година од хотелот Александар палас каде претседателот Г-дин Пауло Андрез. Во 2013год броеше 141 настан низ Европа, а денес таа иницијатива брои околу 900 настани низ цела Европа, Африка и Азија, односно на 3 континенти. повеќе на: www.businessangelsweek.org

CEED Business Angels Club на EBAN (Европската мрежа на бизнис ангели).

Како работи мрежата на бизнис ангели во земјава, во ЕУ и во светот?

Мрежите на бизнис ангели функционираат врз база на членство каде што секоја мрежа ги одредува правилата за членство. На пример, членовите во EBAN мораат да ги следат правилата на кодексот на етички вредности. Целта на мрежите на бизнис ангели во земјава, ЕУ и во светот е бизнис ангелите да ја подигнат свеста во јавноста во врска со бизнис ангел инвестициите, да ги разменат своите искуства, заеднички да лобираат за подготовка на закони и политики кои ќе го поттикнат развојот на ангел инвестициите.

Дали има обуки за бизнис ангели? Како бизнис ангелите можат да се едуцираат континуирано за да останат во игра?

Во земјите каде што бизнис ангел инвестициите се поразвиени и економската моќ е поголема веќе има и воспоставени центри за обука на бизнис ангели. На пример, во Велика Британија постои Институт за бизнис ангели на Велика Британија (UK Business Angels Institute) кој што организира обуки за бизнис ангели. Членките организации на најголемата мрежа на бизнис ангели во Европа, EBAN, редовно организираат конференции, семинари и обуки каде што бизнис ангелите можат да ги разменат своите искуства, знаења и вештини.  Исто така, има и доста книги, претежно на англиски, за бизнис ангел инвестициите. Во македонија исто така се организираат обуки за бизнис ангели и за претприемачи од страна на Емкице – МБАН мрежата.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »