Битола главен град на Балканот кон крајот на XIX и почетокот на XX век - Македонија Денес

Битола главен град на Балканот кон крајот на XIX и почетокот на XX век

Опомена!!!

Економскиот и административниот развој на Битола по Цариград, како град кој се сметаше за лицето не Европска Отоманска Турција и најважен економски центар на Балканот е неминовно а за тоа сведочат и безброј патеписни репортажи кои се заведени од тој период особено од патеписецот Евлија Челебија [1611 – 1682], но и австрискиот геолог кој докторирал во Париз и Женева, Ами Буе [1794 – 1881] кој на барање на Султанот и Цариград направил безброј ентнографски истражувања но и истражувања на економскиот разбој на Европскиот дел од Османлиското царство особено во 1875 година.

Евлија Челебија во средината на XVII век за Битола пишува дека е развиен урбан центар кој е поделен на 21 окрузи т.е. населени места, со 3.000 куќи, 900 дуќани, 70 џамии, 50 други верски објекти и еден голем затворен пазар.
Но кој крајот на XVIII век и почетокот на XIX Битола доживива тешка економска криза па од 2.150 продавници и дуќани за стока или занаети кои имале и затворен дел се спушта на 1.835. Но битолските еснафи и занаетчии набргу го подигаат тоа ниво на економски застој па кон 1889 година бројот повторно пораснал на импозантната џифра од 2.489 продавници и дуќани.

Според податоците кон половината на XIX век во предвечеритето на Балканските војни во Битола имало 24 фабрики со над 3.000 вработени лица, кои изработувале брашно, градежен материјал, преработки од дрво, обработки на кожа и друго со што се покажува релативно висок екомонски брз разбој, особено откако се завршува изградбата на железничката пруга Битола – Солун на 3 јуни 1894 година изградена во целост од страна на германска компанија со должина од 219 километри.
Во 1875 година во градот Битола има една болница, тројца специјалисти, пет општи лекари, двајца фармацевти, двајца хирурзи и една јавна аптека за потребите на локалното градско население.
Историските извори покажуваат дека развојот на банкарството во Битола започнува кон крајот на XIX век исто така, па кон 1888 година е основата “Отоманската Аграрна Банка” која како централна банка набргу отвора свои филијали во Скопје, Куманово, Тетово, Кратово, Штип, Кочани, Прилеп и Охрид. Истата година во Солун е отворена и “Солунската Банка” која веднаш отвора свои филијали во Битола, Скопје и Куманово додека во 1903 година во Битола своја филијала отвора и “Отоманската централна банка” со која се покажува дека Битола станал важен економски и трговски центар во регионот.

Во 1835 година Битола е административен центар на Румелискиот вилает, а со влегувањето на сила на “Вилаетската регулатива” издадена од Султанот во 1864 година тој станува и центар на вилаетот т.е. негов официјален главен град. Или според податоците во 1875 година Битола е составена од 12 региони додека во 1896 веќе опраќа 22 региони со 42 градови и 1.903 села и населени места.

Според демографската структура зависно кога и во кој период се изработувани пописите Битола и битолскиот регион имаат различен број на жители. Па така во 1838 година од стана на пописната комисија утврдено е дека во вилаетот живеат 9.000 Словени, 8.000 муслимани, 12.000 христијани и 5.000 Власи и Евреи. Но во 1873 година кога Битола е официјален центар на Битолскиот вилает со истото име вкупно брои 1.000.576 жители а самиот град има околу 55.000 жители.

Пописот зборува и дека во 1875 година само во Битола и битолско како регион од Битолскиот вилает опфаќа 12 града во кои има 13.880 куќи, во кои живее 117.157 население кое е заведено како христијанско, 66.735 муслимански жители, 3.470 жители кои живеат во друг заедници и 1.529 Евреи. Или Битола и неговата околина брои 188.891 жител при што на прво место се христијанското население, па следат муслиманското и еврејското со влашкото.

Демографски сегмент ги опфаќа и објектите каде секое население си ги обавува своите верски обреди па така во 1875 година се регистрирани активни 45 џамии, 15 цркви и 2 синагоги, додека во вкупниот регион на Битола се 119 џамии, 86 цркви и 9 синагоги. Вкупно објекти каде можи да се реализира богослужба достигнува бројка од 252 само за Битола и битолско.

Но не би била Битола економски и културен центар ако го немало и образованието. Во Отоманската империја Османслиските класични образовни установи се именувале како медреси. Овие институции подготвувале различни кадри, како наставници, но и муфтии, имами, судии согласно потребите на државата и на оштественото уредување.

На почеток медресите не биле финансирани од граѓанството туку имале за цел класично промовирање на исламот. Но со тек на времето во Европска Османлиска Турција и Битола во самите медреси од индивидуалци кои се школуваат во Европа започнуваа нови трендови со што контролата врз нив ја преземаат научници а не верски раководители. Со овој чин на модернизирање на образовниот систем.
Првите образовни институции од ваков вид во Битола датираат од XIV до XV век со што се совпаѓаат со првата фаза од проширувањето на Османлиското владеење на Балканот. Во Битола во 1875 година ги има 9 а во битолско 21, но како градот брзо се развива во 1887 – 1888 година нивниот број во градот достигнал до 17 а околината до 32.

Но образовен реформатор бил Султанот Абдул Меџит I [1823 – 1861]. Имено на 3 ноември 1839 година Султанот Абдул Меџит издал органски статут за целата империја наречен Хати шериф или султански едикт  кој бил проследен со серија од едикти на султанот во истата година со што се воведува модернизација на Османлиска Турција со: гаранција за обезбедување на граѓаните за целосна безбедност на нивните животи, чести и имоти, воведување на првите банкноти, отворање на првите пошти на империјата [1840 година], истата година кога се реорганизира системот за финансирање, се реогранизираат законите, а следната 1841 година го воспоставува прототипот на првиот Османслиски парламент, додека во периодот од 1843 до 1844 година врши реогранизација на армијата и начинот на регрутирање како и времетраење на воената служба, во 1844 година донесува и Отоманска национална химна и национално знаме и изведен е првиот официјален попис на населението на цела територија на Османлиското царство, по пописот воведени се првите национални лични карти, 1847 година го возобновува министерството за образование и ги укинува ропството и трговијата со робови, 1848 година ги основа првите модерени универзитети, академи и школи, а во 1850 година го формира и министерството за здравство.

Следи 1851 година кога ја основа Османлиската Академија на науките, а во 1854 година ја основа модерна општина Истанбул и Совет на градот, за во 1856 година да прогласи целосна правна безбедност на граѓаните од сите религии.

Во 1856 година донесува закон со кој му се дозволува на немуслиманското население да служи војска, во периодот 1847 до 1855 година ја поставува првата телеграфска мрежа а во 1856 и железничка. Во негово владение занаетчиството почнува да се заменува со отворање на фабрики, истата 1856 година ја основа Отоманската Централна банка но и Отоманската берза, во 1859 година го основа Факултетот за екомонски и политички науки.
За време на владеењето на Султанот Абдул Меџит I е забрането користењето на турбанот и бил воведен фесот. Семјуел Морз во 1847 година првиот патент за телграф го поставува во стариот Беглербегов дворец а Султанот лично го тестира новиот изум.

Абдул Меџит I ја гради новата Султанска резиденција Долмабахче која е првиот дворец кој бил изграден во европски стил во Цариград. Воедно тоа е првиот Султан кој ја посетил Англија и остварил средба со Кралицата Викторија и францускиот император Наполеон III.

Така овие трендови стигаат и во Битола па во 1875 година бројот на основни школи во градот достигнува 25 а во битолско 60. Додека образовни институции кои го опфаќаат средното образование во 1875 година во Битола ги има 5 во кои учат над 400 ученици за до периодот 1887 – 1888 година да се отворат уште 2 средни школи.
Да се разбере значењето на Битола за време на Османлиска Турција треба да се споредат и воените школи кои стратешки биле сместени во Цариград и срцето на сама Турција, па така од вкупно шест воени школи на огромното Османлиско царство, само една е на Европско тло и таа е сместена во Битола во 1898 година а во своите наставни програми, се вклучени предмети како што се историја, географија, математика, физика, алгебра, геометрија, космографија денешна астрономија, арапски, француски, англиски, цртање, гимнастика, правопис, итн.

Но демографската структура на населението бара и школи на други јазици па набрзо се отвораат училишта на грчки, бугарски, српски, еврејски и други јазици чија бројка од 1836 година до 1903 достигнала над 2.000 школи на јазиците на етничките групи во Битола и битолско и најчесто обработувале три тематики, индустријата, земјоделството и трговијата. Во овој период се формираат и првите македонски школи како дел или секција при влашките на барање на Романија која води инает за непотребниот голем број грчки школи. Во поддршка кон првите македонски одделенија се јавуваат и еврејската заедница а македонските паралелки се особено застапени во 1895 година.
Во зенитот на своето постоење за време на Отоманската империја Битола по Цариград прва ги имплементирала новитетите од запад, но и директно преку 12-те конзуларни преставништва самостојно започнала да се модернизира со дозвола од Султанот со што тој ја сметал за Европската престолнина на Османлиското царство веднаш по Цариград.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »