Бидете подготвени! Ова е предметот кој задолжително мора да го носите на секое патување (фото) - Македонија Денес

Бидете подготвени! Ова е предметот кој задолжително мора да го носите на секое патување (фото)

Опомена!!!

Бидете подготвени!

Ако мислите дека знаете што се ви е потребно за патување размислете повторно. Затоа што на една работа сигурно немаше да ви текна, а голем број експерти за патување задолжително ја препорачуваат.

Не, не станува збор за најразлични лекови или некои посебни документи туку за стопер за врата, пренесува Daily Mail.

подготвени

Експертот за патувања Давид Клејн вели дека на летување задолжително треба да го носите овој предмет кој ја сопира вратата и ја држи отворена, но вие треба на поинаков начин да ја искористите на летување.

Кога ќе пристигнете во вашата хотелска соба или апартман и ја затворите вратата, подметнете го дрвениот стопер под вратата за да таа не може да се отвори. Тој овој совет го дал поради бројни терористички напади и кражби и кои се случуваат во познатите одморалишта.

-Ако видат дека вратата не може да се отвори, ќе продолжат да бараат друга која може. Тоа ви дава време да избегате во случај на некаков напад или да успеете да сокриете додека да пристигне полицијата“ , појаснил овој експерт за патувања.

фото: google

Каде да ги скриете парите кога сте на летување: 8 импровизирани варијанти (фото)

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »