Бидете паметна жена, овие 6 тактики ви го отвораат срцето на секој маж! - Македонија Денес

Бидете паметна жена, овие 6 тактики ви го отвораат срцето на секој маж!

Опомена!!!

Жените не се послабиот пол, тие се рамноправни со мажите и така мораат и да се однесуваат.Прочитајте што е тоа што паметната и самостојна жена никогаш не би го направила кога се работи за нејзиниот маж:

1.Мудрата жена е самостојна и не очекува од мажот да ја издржува
Овде не станува збор за вашите деца, туку токму за вас. Некои жени едноставно им се предаваат на мажите во секоја смисла, па очекуваат од нив тие да ги издржуваат, облекуваат, хранат… Никој не е должен да води сметка за вас. Тој доброволно може да го прави тоа, но негова обврска не е да се грижи за вас како да сте беспомошно дете.

2.Таа не сака нејзиниот маж да се смени
Таа не сака нејзиниот маж да го промени работното место или да се откаже од своето хоби за повеќе време да минува со неа. Интелeгентната жена знае дека тоа што тој го прави, и тоа со коешто се занимава, е едноставно составен дел од неговата личност. Работното место, хобито или неговите пријатели се составен дел од него, исто како што е и неговата љубов кон истите.

3.Не бара од него да ги остави своите пријатели и семејството
Можеби не ја сакате неговата кума или семејството, но тој не е должен само поради тоа да не разговара или да не се гледа со тие луѓе. Дури и ако тие луѓе имаат лошо влијание врз него, не е на вас тоа да му го кажете или да побарате од него да се одвои од нив. Тој има право самостојно да донесува одлуки со кој ќе се дружи, па оставете го сам да увиди ако некој не е добар за него.

4.Не бара од него да ги прифати нејзините хобија или интереси
За вас двајца најважно е да ја споделувате љубовта и почитта еден кон друг, а се останато не е важно. Ако отсекогаш сте сонувале да одите со партнерот на танцување, но тој просто не е таков тип, не значи дека и самите треба да се откажете од танцувањето. Исто така никако не го принудувајте тој да ги прави оние нешта коишто не ги сака.

5.Не бара од него да ги игнорира другите жени
Факт е дека мажите имаат очи. Тој секако ќе забележи дека постојат и други жени коишто се убави и средени, и тоа е сосема во ред, се додека не флертува со нив.

6.Мудрата жена му верува на својот маж
Таа не бара од него тој да и ја докажува својата љубов. Кога постои доверба помеѓу партнерите, никогаш нема да постои потребата да го проверувате неговиот телефон или електронското сандаче. Секогаш водете сметка вашата врска да биде хармонична, да најдете компромис, а тоа единствено може да произлезе од вашите постапки.
И на крај никогаш не ги исмевајте одлуките на вашиот партнер, затоа што и вие сте една од тие одлуки.

Сигурни знаци! Еве како да знаете дека сте во сериозна врска!

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »