Авто караоке: Стиховите на песните се испишани на коловозот, а возењето го прават позабавно и побезбедно!(видео) - Македонија Денес

Авто караоке: Стиховите на песните се испишани на коловозот, а возењето го прават позабавно и побезбедно!(видео)

Опомена!!!

Важен фактор за безбедноста е држењето растојание помеѓу возилата. Пракса на држење на безбедна оддалеченост особено е важна на делниците на кои се вози со поголема брзина, пред се на автопатиштата.

Дистанца која секој возач би требало да ја држи во однос на авотомобилот пред неговиот, не би смеела да биде помината за помалку од две секунди.Некои од поновите автомобили се опремени со сензори и можат да ја пресметаат таа оддалеченост и да го предупредат возачот на недоволно растојание.

Меѓутоа, како повеќето возила не се опремени со напредните сензори, еве едноставен начин за пресметување на оддалеченоста кој е применет во Белгија.

Тамошните власти решиле да ги предупредат возачите на правилно држење на растојанието на автопат така што испишале на коловозот рефрен на познатиот диско хит “Last Night A DJ Saved My Life”. Правилно отпеан трае точно две секунди.

Рефренот е испишан на неколку места на два автопати во Белгија.

Како да пресметате колку сте поминале со пеење?

Изберете некој објект покрај патот (сообраќаен знак или столб) и кога возилото пред вас ќе помине покрај него, почнете со пеење на рефренот. Ако завршите пред да поминете покрај него, држите добро растојание. Ако не – забавете.

Доколку не можете да се сетите на овој диско хит или мислите дека пеете пребрзо, тогаш можете да се обидете со песната на Бајага „Хајде Боже буди друг, па окрени један круг уназад планету“. Познатите стихови траат три секунди, па и ако побрзо ги отпеете, мирни сте.

Две жени осмислиле генијален пешачки премин кој спасува илјадници животи (фото)

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »