Ауди не губи време: Вака ќе изгледа нивниот прв летачки автомобил! (видео) - Македонија Денес

Ауди не губи време: Вака ќе изгледа нивниот прв летачки автомобил! (видео)

Опомена!!!

AUDI, Airbus и ItalDesign се здружиле за да развијат концепт кој комбинира својство на дрон и автономен автомобил. Сега покажале како тоа функционира.

Името му е Pop.Up.Next, а претставен е уште во март на женевскиот салон. Откако го видовме концептот на ова „превозно средство за вертикална и хоризонтална мобилност“ истиот сега е претставен во функционална смисла.

Принципот е јасен. Автономното возило ја носи капсулата до дронот кој ја прифаќа и низ воздух ја носи до следната позиција. Таму ја презема второто автономно возило и ја носи до конечното одредиште.

Улогите притоа се јасно поделени.  Airbus се занимава со летачкиот модул Ауди со возилото, а Italdesign ќе го среди дизајнот. Како тоа функционира во реалноста, покажано е пред неколку дена во Амстердам и тоа преку моделот во размер 1:4.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »