Анализа: Најниска стапка на невработеност во Европската унија од 2000 година - Македонија Денес

Анализа: Најниска стапка на невработеност во Европската унија од 2000 година

Опомена!!!

Стапката на невработеност во Европската Унија изнесувала 6,7% во септември, соопшти „Еуростат“.

Ова е најниската бројка забележана во Унијата од јануари 2000, се вели во соопштението.

„Во септември 2018, стапката на невработеност во ЕУ28 изнесуваше 6,7%, стабилна бројка, во однос на месец август истата година. Во споредба со септември 2017, стапката на невработеност паднала за 0,8%“, забележува бирото за статистика.

Во еврозоната (ЕА19) стапката на сезонска невработеност бележи 8,1%, пад од 0,8% во споредба со септември 2017. Оваа бројка означува најмала стапка невработеност во еврозоната од ноември 2008.

Според „Еуростат“, во месец септември 2018 во еврозоната имало околу 16,6 милиони невработени лица.

Највисоката стапка на невработеност меѓу земјите членки е забележана во Грција (19%) и во Шпанија (14,9%), додека, пак, најниската во Република Чешка (2,3%), Германија и Полска (3,4%).

Република Чешка и Германија исто така бележат и најниска стапка на невработеност помеѓу младата популација (6,3%) во септември 2018; додека, пак, највисоката е забележана во Грција (37,9%), Шпанија (34,3%) и Италија (31,6%).

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »