Американци возеле Југо за да откријат дали е навистина најлошиот автомобил на светот: Еве што откриле (видео) - Македонија Денес

Американци возеле Југо за да откријат дали е навистина најлошиот автомобил на светот: Еве што откриле (видео)

Опомена!!!

Југо, некогашната гордост на југословенската авто – индустрија, на Западот најчесто се наоѓаше на листите на петте најлоши автомобили на сите времиња, а често пати и на првото место. Поради тоа новинарите на американскиот автомобилски сајт Јалопник решиле да проверат дали е навистина така.

За да лично се уверат во карактеристиките на Југо, новинарите тестирале еден примерок од овој модел кој им го отстапил нивен колега, а кој е стар повеќе од 30 години.

Се ибделе колку возможно пообјективно да го оценат автомобилот, наспроти негативната репутација која ја има Југо во американската јавност. Новинарите ги истакнале неговите позитивни страни, како што се дизајнот и искористениот простор во кабина, а му замериле на лошиот материјал  завршната обработка.

Тие уште истакнале дека сопствениците на овој автомобил не воделе грижа за него и често би го запуштиле. Новинарите на крајот заклучиле дека „Југо не е некој фантастичен автомобил, но секако не е ниту најлошиот во историјата“.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »