6 интересни идеи за фризури за мажите со седа коса (фото) - Македонија Денес

6 интересни идеи за фризури за мажите со седа коса (фото)

Опомена!!!

Вашата возраст не треба да ве обесхрабрува кога се работи за вашиот изглед. Вистина е, брчките со време почнуваат да се појавуваат и влакна може да почнат да се појавуваат на места каде што не би требале, но затоа постојат ретинолот и восокот.

Како додаток на ова, ако со време почнете да ги оттргнувате сите оние пороци кои предизвикуваат побрзо стареење, тогаш имате добра шанса да го зачувате вашиот добар изглед и претставителност за подолго време. Со се ова останува уште едно прашање на кое треба да се одговори, а тоа е како да се грижите за вашата коса откако ќе почне да седее? Седата коса е многу поразлична од онаа со здрав пигмент во неа, и ние имајќи го ова во предвид ви предлагаме шест различни фризури кои можете да ги погледнете подолу.

Класичниот разделен патец.

По пример на: Џеф Голдблум.

фризура

Оваа класична фризура одговара на вашата коса без разлика дали таа е темна или пак бела како свежо паднатиот снег и без разлика на вашата возраст. Погледнете го Голдблум,  без оглед на проретчувањето на неговата коса тој пак изгледа прекрасно.

Кратката класична фризура.

По пример на: Даниел Деј Луис

фризура

Само поради тоа што сте повозрасни не мора да значи дека не ви е дозволено малку да се забавувате со вашата коса, и тоа посебно ако таа се повеќе и повеќе се проретчува. Всушност, ако вашата некогаш густа и здрава коса почнува да опаѓа, тоа е знак дека е вистински момент да ја скратите малку повеќе од вообичаеното, со што таа ќе изгледа мошне погуста.

 Ултра-кратката фризура.

По пример на: Барак Обама

фризура

Ако барате вистински рискантна фризура, тогаш скратете ја вашата коса највеќе што можете. Не само што е премногу лесна за оддржување и не бара никаква работа околу неа, туку и ја губи трагата од седи влакна, што би одоварало за сите оние кои не се чувствуваат удобно носејќи ги.

Долгата разбушавена фризура.

По пример на: Џорџ Ламб

фризура
На некои мажи не им пречи фактот што нивната коса проседува и се чувствуваат удобно и гордо носејќи ја. Ако вие сте еден од оваа група, релативно долгата коса во комбинација со малку восок или гел за коса се единственото  што ви е потребно.

Долгата брановидна фризура.

По пример на: Џеф Бриџес

фризура
Ако имате коса која се уште не опаѓа и добро се држи, оваа долга фризура е вистинскиот избор за вас. Се што ви е потребно е да ја оставите вашата коса да расте и редовно да ја чешлате. Прилично лесно оддржување за навистина интересна фризура која ја претставува вашата седа коса во повеќе од добро светло.

Модерно и елегантно.

По пример на:  Ник Вустер

фризура
Седата коса не е ништо поразлично од косата со пигмент во неа. Единствената разлика е во тоа што со време таа станува по чувствителна и тенка, но тоа е нешто што се средува со помош на разните продукти за коса. Затоа, ако се чувствувате доволно храбри за да изгледате модерно, елегантно и да оставите впечаток каде и да се појавите, изборот на  оваа фризура е вистинскиот чекор за вас.

Научете како самите совршено да ја испеглате кошулата со помош на неколку трикови (видео)

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »